Super User

Super User

Првиот и единствен професионален театар на македонски јазик, Театар за деца и младинци – Скопје, денеска 25.03.2024 година го прославува својот 34. роденден, со изведба на претставата „ЦРВЕНАКПАНА“ на Фестивалот „5ре“ во Велес.

ТЕАТАР ЗА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ - Скопје, се уште ги создава најважните детски, куклени и младински претстави во поранешниот воен ресторан „Вардар, 34 години неуморна работа, која создава успешни приказни.

Постарите генерации го паметат почетокот на ТДМ, пред преполната Универзална сала – Скопје, каде беше изведена претставата „ЧУДОВИШТАТА ОД НАШИОТ ГРАД“ од Русомир Богдановски, а во режија на Коле Ангеловски со која се означи и официјалното институционално работење на Театар за деца и младинци.

Низ изминатите години, ТДМ забележува бројни не само домашни, туку и многу важни интернационални успеси.

Во постоечкиот објект премиерно е изведена претставата  „УБАВИЦАТА И ЅВЕРОТ“ која бележи рекорден број на изведби (над 350), како и останати успешни претстави со над 200 изведби: „ЦРВЕНКАПА“, „ЗРНОТО ГРАШОК И ПРИНЦЕЗАТА“, “ЛАКОМАТА МЕЦА и др.  

Имаме бројни ГРАНД ПРИ награди за претстави, меѓу кои во минатото секако се бележи успехот на легендарната „МАКЕДОНСКА ПРИКАЗНА“, потоа следува ,,ТОБИ” со повеќе значајни награди и многу други претстави, а со претставата „Роња, ќерката на ограбувачот“ само за една година ТДМ се здоби со три ГРАНД ПРИ НАГРАДИ, награда од публика за најдобра претстава, актерски награди , награда за оргинална музика,и други.

Последните години ансамблот на ТДМ, следејеќи ги современите текови се развива согласно истите и на репертоарот бележи вистински театарски освежувања во секој сегмент од програмата: куклени претстави, детско – играни, а особено се значајни младинските (наменети за возраст од 14+)

По бројните гостувања на ТДМ низ Европа, од пред три години успешно го организира и Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“.

Благодариме на сите генерации што израснаа со нас и што заедно оставаме важен белег. Ве очекуваме во текот на целата наша роденденска седмица на претставите од редовниот реперотар. Ваш ТДМ.

13 Февруари 2024

Програма 2024

IFDT Игор Маџиров

ИФДТ „ИГОР МАЏИРОВ“
01 - 05 октомври, 2024
Скопје, С. Македонија

ПРОГРАМА

 

(СЛЕДУВА ОБЈАВА)


 
18 Декември 2023

Исполнета желба

Креативен тим: Драгана Милошевски Попова, Игор Ивковиќ, Кирил Василев, Бранкица Јордановска

Секоја новогодишна желба е посебна и се исполнува на волшебен начин. Токму во нашата приказна ќе видиме дека искрената желба на едно мало девојче, останато само за новогодишната ноќ, станува реалност. Во нејзиниот пат на исполнување на желбата таа запознава необични, волшебни ликови кои ѝ помагаат, а исто така запознава вистински другар, Освојувањето на новите хоризонти, исполнувањето на нашите желби секогаш се посилни и пореални со другари.

Дајте си шанса за нови пријателства, нови идеи и нови заеднички искрени желби. И кога доаѓа Новата година... секоја желба е возможна!

Затоа што, највредните и најважните нешта лежат во вашите раце и вашето срце.

Автор и режија: Јане Спасиќ

За жал, разводите денес стануваат се почести, а времето за разговор меѓу децата и родители се пократко. Сегашноста на разни начини ни го краде времето за помирување, мир и смирување. Во тажната нова нормалност и новиот недостиг на време, почувствував потреба да створиме претстава која ќе им подаде рака на децата и младите кои минуваат низ процесот на развод на едно семејство, но и стимул на родителите да поведат разговор со нивните деца и да пробаат да ги разберат нивните гледишта и стравови во сето ова. Од друга страна оваа претстава е „воведен курс“ за сите блиски и начинот на кои тие може да подадат рака на некој ближен кој минува низ развод.

Ќе бидеме пресреќни, ако некои деца и млади најдат охрабрување да зборуваат со некого и да ги избегнат вообичаениот срам и страв од околината при соочување со болката поради она што им се случува дома. Секоја болка има лек, понекогаш тоа е разговорот, понекогаш плачењето, понекогаш е подадената рака и разбирањето дека разводот не е крај на светот и дека нема ништо срамно во тоа. Време е да тргнат на страна табуата и да се зборува, за децата и младите да не останат со предлабоки лузни од овој болен и трауматичен процес.

Драматизација:

Јане Спасиќ

Сценографија:

Кирил Василев

Костимографија:

Бранкица Јордановска

Избор на музика и звучна обработка:

Јане Спасиќ

Автор на промотивен материјал:

Матеја Николиќ

Во конкуренција од осум усклучително квалитетни театарски претстави, жири комисијата на второ издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „ИГОР МАЏИРОВ“ 2023, во состав: претседателот на комисијата Тин Грабнар, режисер од Словенија и членовите:  театрологот Миливоје Млаѓеновиќ од Србија и актерот Драган Довлев, ГРАН ПРИ наградата за најдобра претстава на фестивалот ја прогласи: „МОМЧЕТО СО КУФЕРОТ“ во изведба на Мал Театар „Душко Радовиќ“ Р.Србија во режија на Дамјан Кецојевиќ

„Оваа возбудлива драмска приказна со актуелна содржина и сценски јазик и еруптивна актерска енергија, остава силен впечаток на сите генерации“ стои во одлуката на жири комисијата за доделната Гран при награда.

Boy With a Suitcase photo Jelena Janković 2

Наградата за најдобра режија беше доделена на Дамјан Кецојевиќ за истоимената претстава.

Наградата за најдобри актерски остварувања беа доделени на: Јелена Илиќ и Недим Незировиќ за актерските остварувања во претставата „Момчето со куферот“.

Наградара за најдобра сценографија е доделена на претставата „Шумата од песни“ во режија на Петер Кус, а во изведба на „Кускус“ институтот, Арт продукција од Љубљана, Словенија. Наградата за најдобри костимографија се доделува на Маја Мирковиќ, костимограф на претставата „Момчето со куферот“ во изведба на Мал театар „Душко Радовиќ“, Белград, Србија.

ForestOfSongs03 photo Hans Avbersek

Специјалната награда за музика од жири комисијата отиде во рацете на Петер Кус, за претставата „Шумата од песни“. Жирито додели уште две специјални награди за севкупност на естетскиот израз на претставата „Бамби“ во режија на Јакуб Максимов, а во изведба на Театарот за деца и млади од Крагуевац, Србија и уште една специјална награда за имагинативно куклено мислење на претставата „ERROR 404“ во режија на Вагнер и Хулио Гало, а во изведба на театарот „Анхелес де трапо“ од Малага, Шпанија.

Годинава за прв пат беше доделена Наградата за најдобра претстава од членовите на детското жири во состав: Тара Поповска, Уна Силјановска, Теофил Сачкарски, Неда Блажевска, Саша Димитриевска, Максим Ѓорѓиевски. Според нив, најдобра претстава на фестивалот е „Момчето со куферот“ во режија на Дамјан Кецоејевиќ, а во изведба на Мал театар „Душко Радовиќ“ од Белград, Србија.

Boy With a Suitcase photo Jelena Janković 5

Фестивалот годинава се одржа од 27 до 30 септември, под покровителство на Претседателот на Р. С. Македонија и со финансиска поддршка од Министерството за култура.

23 Септември 2023

Каталог 2023

festival 2023 5

23 Септември 2023

Грешка 404

ЗЕМЈА: МАЛАГА, ШПАНИЈА
ТЕАТАР:  АНГЕЛЕС ДЕ ТРАПО
ПРЕТСТАВА: ГРЕШКА 404
Куклена претстава, (8+)
РЕЖИСЕР: ВАГНЕР ГАЛО, ЈУЛИО ГАЛО
АВТОР: ВАГНЕР ГАЛО
РЕЗБАЊЕ ВО ДРВО: АНТОНИО МАРТИН
СЦЕНОГРАФ И АУДИОВИЗУЕЛНА ПРОДУКЦИЈА: ВАГНЕР ГАЛО
ДИЗАЈН НА КОСТИМИ: ЈОЛАНДА АТАЛА
КОМПОЗИТОР: КЕВИН МАЛЕОД
ЛЕКТОР/КОНСУЛТАНТ ЗА ЈАЗИК: САРА ПАРЕДЕС
 
ИГРААТ:
Вагнер Гало
 
ЗА ПРЕТСТАВАТА:
Грешка 404 е перформанс без зборови што се обраќа и на децата и на тинејџерите. Оваа деликатна и емоционална драма ве охрабрува да размислувате за смислата на животот, за чудата што животот ни ги нуди а ние не ги забележуваме.
 
ВРЕМЕТРАЕЊЕ: 50 минути
23 Септември 2023

Среќна куќичка

ЗЕМЈА: РИЕКА, РЕПУБЛИКА ХРВАТСКА  
TEATAР:  ГРАДСКИ КУКЛЕН ТЕАТАР - РИЕКА
ПРЕТСТАВА: СРЕЌНА КУЌИЧКА
Куклена претстава, (3+)
РЕЖИЈА: МОРАНА ДОЛЕНЦ
АВТОР НА ДРАМАТИЗАЦИЈА: ИВАНА ЃУЛА И МИЛИЦА СИНКАУЗ
ДРАМАТУРГ: ИВАНА ЃУЛА
СЦЕНОГРАФИЈА И ИЗРАБОТКА НА КУКЛИ: ЛУЧИ ВИДАНОВИЌ
КОМПОЗИТОР: САНДИ БРАТОЊА
ДИЗАЈН НА СВЕТЛО: САЊИН СЕРШИЌ
 
ИГРА:
Златко Вичиќ
 
ЗА ПРЕТСТАВАТА:
Во едно село, луѓето се вселиле во куќичките што си ги понеле со себе. Само со една мала куќичка не знаеле што да прават и ја ставиле високо на еден рид. Луѓето сега си живеат, си работат, се одмораат, си раскажуваат приказни насекаде. А куќичката е сама на ридот, тажна и лута зашто ја заборавија. Кога веќе не знаат каде да смислат нова приказна конечно се сеќаваат на куќичката. И така кога куќичката си добива своја смисла станува мала библиотека и конечно е среќна. Среќната куќичка и денес се наоѓа во Горњи Кути во Горски Котар и таа е една од најмалите библиотеки и читални на светот.
 
ВРЕМЕТРАЕЊЕ: 30 минути
ЗЕМЈА: ЗАГРЕБ, РЕПУБЛИКА ХРВАТСКА
ТЕАТАР:  ТЕАТАР пОКО ЛОКО
ПРЕТСТАВА: ОВА СУМ ЈАС
Танцова претстава, (2+)
РЕЖИСЕР: ДЕМИАН КОРТЕС АЛБЕРТИ
ДРАМАТИЗАЦИЈА: МАЈА КАТИЌ, ДЕМИАН КОРТЕС AЛБЕРТИ
СЦЕНОГРАФ: ДЕМИАН КОРТЕС АЛБЕРТИ, ХУЛИО ЕСКУДЕРО
КОСТИМОГРАФ: АНА ФУЦИЈАШ
КОМПОЗИТОР: КАРЛОС АНДРЕС ФАГИН
КОРЕОГРАФ: МАРИНА ТОМИЌ
АСИСТЕНТ НА СЦЕНОГРАФИЈА: ПАТРИСИО АЛЕХАНДРО АГУЕРО МАРИНО
СОВЕТНИК НА РЕЖИСЕРОТ: РЕНАТА КАРОЛА ГАТИКА
ИЛУСТРАЦИИ: НИКА САРАЈЛИЈА
 
ИГРААТ:
Маја Катиќ
Зринка Кушевиќ
Филип Север
 

ЗА ПРЕТСТАВАТА:
Три човечиња си играат лисица, патка и жирафа, а можеби и навистина се. Низ различни видови на танц, го следиме нивниот однос од независност до заедничка игра. Колку е убаво кога сме различни и заедно еден со друг!

ВРЕМЕТРАЕЊЕ: 30 минути
23 Септември 2023

Момчето со куферот

ЗЕМЈА: БЕЛГРАД, РЕПУБЛИКА СРБИЈА
ТЕАТАР:  МАЛ ТЕАТАР ДУШКО РАДОВИЌ  
ПРЕТСТАВА: МОМЧЕТО СО КУФЕРОТ
Детско-играна претстава, (11+)
РЕЖИСЕР: ДАМЈАН КЕЦОЈЕВИЌ
АВТОР: МАЈК КЕНИ
ПРЕВОД: МИЛИЦА НАУМОВИЌ
ДРАМАТИЗАЦИЈА: БОЈАНА ЛАЗИЌ
СЦЕНОГРАФ: ЗОРАНА ПЕТОВ
КОСТИМИ: МАЈА МИРКОВИЌ
КОМПОЗИТОР: ВЛАДИМИР ПЕЈAКОВИЌ
СЦЕНСКИ ДВИЖЕЊА: ДАМЈАН КЕЦОЈЕВИЌ
 
ИГРААТ:
Младен Леро
Јелена Илиќ
Јована Цветковиќ
Јелена Чурувија Ѓурица
Дубравка Ковјаниќ
Недим Незировиќ
 
ЗА ПРЕТСТАВАТА:
Момчето со куферот е приказна за едно момче кое е принудено да го напушти својот дом на возраст од 12 години. Во неговиот мал куфер, тој го носи неговото најголемо богаство – „приказните за лека ноќ“ од неговите родители. Со помош на овие приказни и едно девојче Крисиа, тој ќе успее да го сретне неговиот брат на безбедно тло.
 
ВРЕМЕТРАЕЊЕ: 65 минути
Страница 1 од 21
FaLang translation system by Faboba

Месечен репертоар

Март 2024
П В С Ч П С Н
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Маркетинг