Displaying items by tag: Драган Довлев

9 Мај 2019

Том Соер

Режија: Деан Дамјановски
Драматизација: Горјан Милошевски

Том Соер“ ве носи во еден необичен свет полн со палави игри, неизвесност, детска љубов, хумани подвизи и многу, многу шеги и смеа. Ова се авантурите на Том Соер и неговиот неразделен другар, Хаклбери Фин. Тие живеат во малото, брливо гратче Сејнт Питерсбург каде топло се преплетуваат животните приказни на сите луѓе.

Т ом е палаво момче кое многу сака да игра, да се надигрува, да се надмудрува со сите. Тој е роден да биде водач и во него има толку смелост која само Хаклбери Фин и Беки Тачер знаат како да ја поттикнат. Тетка Поли цело време го брка и го опоменува зашто Том ја користи секоја прилика да „летне“ од дома право кај другарите. Тој никогаш не ја слуша ама ја сака и на тетка Поли тој и’ е многу мил. Сид е неговиот полубрат кој само го поткажува на Поли. Беки Тачер е девојката за која Том Соер мечтае дека некогаш, барем еднаш, ќе ја бакне. Таа е префинета, примерна ќерка на судијата Тачер, а Том Соер за неа е само еден лажлив мангуп, но се разбира, само на почетокот. Јасно е, тие двајца поцрвенуваат до уши еден за друг. Судијата Тачер е сериозен, мудар човек со многу манири и целата мешаница, што ја прави Том за Беки, не му е јасна. Бен Роџерс е другар на Том и Хак кој каде и да се појави свири и бучи како голема парна машина, како голем брод на пареа. Бен ужива да биде големиот брод Мисури, тој фантазира дека е најголемиот брод за крстаење во Америка. Шерифот Јанг е залежан и само спие, додека животот во гратчето фучи тој си р’чи. Има еден помошник, Џеремаја, секој ден трча по него и му ги завршува работите и само го фали: „Најдобар сте! Фантастичен сте г-дине Јанг!“ А Вајлд Вајлд Џо е многу опасен бандит, малку е трапав и збунет кога треба да викне на некој, но тој е доста итар и вешт на зборови кога навистина треба. Успева лесно да му се провлече на шерифот и целото гратче па дури и’ да го намести добродушниот пијаница Маф Потер. Така на невиниот човек ќе му се суди, може да добие и најстрога казна, но децата Том и Хак ја знаат вистината за Потер. Само тие се сведоци на една страшна и тајна случка за која е виновен Вајлд Вајлд Џо. Ама Том и Хак многу се плашат да кажат што се случило и бегаат на еден остров да си играат гусари со Бен Роџерс. Тие се колнат дека нема никому да кажат зашто ако дознае Џо, е тогаш е готово.

Дали децата или поточно кој од нив ќе се дрзне да ја каже вистината? Дали Том ќе ја бакне Беки? Дали Хаклбери Фин конечно ќе добие шанса и тој да си ја покаже храброста? Остануваат многу прашања на кои има одговор во Том Соер.

 

О ва е приказна за хуманоста и храброста на Том и Хак. Ова е приказна за детската љубов што ги извлекува сите добри особини и гестови од нашиот херој, Том Соер. Во исто време „Том Соер“ зборува за славата, за таа „круна“ што сите во гратчето сакаат да ја носат, сите сакаат да бидат славни барем поради едно нешто. Во оваа драма и претстава има многу сплетки, комични ситуации, опасности, брканици и игри. Кога се гледа тоа е како брзо и весело возење полно со изненадувања во еден голем „лунапарк“ што лежи на гратчето Сејнт Питерсбург, градските гробишта, островот на Мисисипи, судницата, куќата на духови и во чудната, мистична и убава пештера.

Драмски автор и драматург
Горјан Милошевски

 

Сценографија:

Филип Коруновски

Костимографија:

Елена Вангеловска

Музика:

Горан Трифуновски – Пајак

published in Претстави

Режија: Јане Спасиќ
Автор: Јане Спасиќ (по мотиви на романот „Сидарта“ од Херман Хесе)

Текстот „Еднаш свет изградив“ е пишуван по мотиви на романот „Сидарта“ од Херман Хесе. Преку семејна приказна за татко и син кои се среќаваат после долги години, авторот на претставата Јане Спасиќ се обидува да согледа неколку поважни животни фази и да ги разгледа последиците на индивидуалните одлуки. Преку нивниот однос и приказните на таткото се поставуваат повеќе прашања за значењето и последиците од изборите во животот. Дали децата може да избегаат од изборите на своите родители и дали може да направат свои самостојни избори или тие секогаш ќе носат сенка од изборите на своите родители, дали постојат универзални вредности или сите се индивидуални? Дали на животот може да му се даде подолготрајна смисла или секоја животна фаза има свое значење? Дали некое од овие прашања има дефинитивен одговор или засекогаш остануваат отворени?

Херман Хесе е честопати е потценуван како писател затоа што се обидува да ги симплифицира развојните фази на животот на една личност. Тој во своите романи фазите ги дели на духовна, нагонска и интелектуална, но сметам дека токму поради оваа “чиста“ класификација и поделба неговите романи се привлечни за сите нас во нашата адолесцента загубеност и потрага по сопствен идентитет. Драго ми е што после неколку години во „Театарот за деца и младинци“ се поставува претстава која е наменета за младинската и возрасната публика. Претставата како форма на нарација и театарска игра е динамична при што двете главни приказни постојано се преплетуваат. Се надевам дека оваа сценска динамика ќе и биде блиска и предизвикувачка за современата публика.ЈАНЕ СПАСИЌ, автор и режисер на претставата

Претставата е работена низ заеднички, експериментален процес заедно со актерите од Театарот за деца и младинци - Драган Довлев, Ненад Митевски, Наташа Петровиќ, Симона Спировска, Бојан Кирковски и младиот гостин Михаел Стојановски кој има само девет години.

Сценографијата е на Мери Батакоја, костимите ги дизајнираше Бранкица Јордановска, композитор на музиката е Дарија Андовска, а дизајнот на светлото е на Звездан Миљковиќ.

 

Драматизација:

Јане Спасиќ

Сценографија:

Мери Батакоја

Костимографија:

Бранкица Јордановска

Музика:

Дарија Андовска

Дизајн на светло:

Звездан Миљковиќ

12 Март 2018

Драган Довлев

Роден на 21.06 1970 год. во Охрид. По завршеното средно образование се запишува на Факултет за драмски уметности отсек: драмски актер во класата на професор Владимир Милчин и асс. Сузана Киранџиска.

Дипломира 1993 со претставата „Жена“ од Едвард Бонд.

 

Образование

Факултет за Драмски Уметности - Скопје, отсек Драмски Актери 1989 - 1993

НАТФИЗ „Крсто Сарафов“ - Софија, Бугарија, отсек Режија на куклен театар 1997 - 1999

Вработен во Театар за Деца и Младинци – Скопје 1994 -

Меѓународна актерска награда за анимација на куклата на Малиот Принц, во истоимената куклена претстава на меѓународниот фестивал Отон Томанич во Суботица, Србија.1997

Пост-дипломската куклена претстава ПЕПЕПЛАШКА ја поставил на сцената на Театарот за Деца и Младинци. 1998

Директор на Н. У. Театар за Деца и Младинци – Скопје 2011 - 2015

Работно искуство

Игра/играл во следниве претстави на ТДМ:

  • Спомени во ноќта
  • Беше еднаш на дивиот запад
  • Пинокио
  • Како сон
  • Малиот принц
  • Светлосиното куче петар
  • Убавицата и ѕверот
  • Двајца во еден
  • Пупи Паф
  • Могли
  • Крале Марко
  • Силјан штркот
  • Итар Пејо
  • Црвенкапа
  • Дванаесетте месеци
  • Чук чук Стојанче
  • Пердувите на жеравот
  • Ѕвезден коктел
  • Сказна за царот и овчарот
  • Кралот Кускуле Први
  • Три древни приказни
  • Попот и неговиот слуга будал
  • Волшебнта флејта
  • Баш челик
  • Телефонот
  • Дете голомеше
  • Девојчето со кибритчиња
  • Сон на летната ноќ
  • Малата сирена
  • Бескрајни соништа
  • Алиса во земјата на чудата
  • Волшебникот од Оз
  • Пипи Долгиот Чорап
  • Оливер Твист
  • Нашиот клас
  • Заспаниот разум раѓа чудовишта
  • Петар Пан
  • Пепелашка
  • Мачорот в чизми
  • Еднаш свет изградив
published in Актери
22 Јуни 2016

Пепелашка

Режија: Деан Дамјановски
Автор: Шарл Перо и Браќата Грим

Нашата „Пепелашка“ е претстава за двајца млади, но, зрели сонувачи кои успеваат да истраат во потрагата по љубовта. Убавата, но несреќна Пепелашка се чуди на потребата за богатство на нејзините полусестри и маќеата. Таа мечтае по вистинскиот. Принцот, кој има се’, но ја нема онаа вистинската покрај себе, сака сам да ја најде својата сродна душа.

Ликовите на Пепелашка која не губи верба, Принцот кој не престанува да ја бара вистинската љубов, Маќеата која врие од злоба, двете полусестри кои луто се караат која е поубава, кралот кој сака само да го жени принцот, расеаната, добра и весела самовила, трапавите симпатични животни и еден слуга кој прави глупост само што ќе мрдне со малото прсте влетуваат во еден брз сплет на смешни, стрмоглави, неизвесни и среќни случки. Па така како што само животот знае да ги намести нештата, вербата на Пепелашка и Принцот и луѓето околу нив, ги носат сите на едно место во исто време.

Надежта дека љубовта доаѓа, вербата која секој ден ја чека среќата, тоа се победниците во нашата „Пепелашка“.

Драмски автор и драматург Горјан Милошевски

 

Драматизација:

Горјан Милошевски

Сценографија:

Кирил Василев

Костимографија:

Елена Дончева

Музика:

Сашко Костов

Кореографија:

Кренаре Невзати

Прес центар

(vecer.mk) Премиера на "Пепелашка" во режија на Деан Дамјановски

(lider.mk) Премиера на „Пепелашка“ во Театарот за деца и младинци

(utrinski.mk) „Пепелашка“ премиерно на „Скопско лето“

(plusinfo.mk) Премиера на „Пепелашка“ утре во Театарот за деца и младинци

(dnevnik.mk) В среда премиера на „Пепелашка“ во театарот за деца и младинци

(diva.mk) „Пепелашка“ премиерно во Театарот за деца и младинци

(lokalno.mk) Премиера на тетарската претсава „Пепелашка“ во Театарот за деца и младинци

(republika.mk) Премиера на „Пепелашка“ – претстава за вербата, надежта и љубовта во Театар за деца и младинци

(kurir.mk) Премиера на „Пепелашка“ во Театарот за деца и младинци

(cooltura.mk) Пpемиера на „Пепелашка“ во Театарот за деца и младинци

(sitel.com.mk) Премиера на „Пепелашка“ во Театарот за деца и младинци

(exclusive.mk) Премиера на „Пепелашка“ во Театарот за деца и младинци

(vistina.mk) Премиера на „Пепелашка“ во Театарот за деца и младинци

(telegraf.mk) ТЕАТАР ЗА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ: Премиера на „Пепелашка“

(alfa.mk) Премиера на „Пепелашка“ во Театарот за деца и младинци

published in Претстави

Режија: Боњо Лунгов
Автор: Ханс Кристијан Андерсен

У ште една светски позната бајка на Ханс Кристијан Андерсен. Тажната приказна за девојчето со кибритчиња, кое измрзнато од студот упорно се обидува да продаде некое кибритче со што би заработила малку пари, неопходни за неа и нејзиниот татко, мајсторот на куклениот театар проф. Боњо Лунгов успеа да ја освежи со многу хумор и интересни досетки. Така нашата претстава е многу интересна за гледање и пратење, без страв дека детските срца ќе се натажат до несакани размери. Бајковитоста на сценографијата, костимите, куклите и музиката само го комплетира вкупниот впечаток. Фасцинира добрината на девојчето, кое расте и живее во многу сурово време и сурова средина, која нема обзири и спрема децата. Ана Левајковиќ-Бошков е брилијантна во улогата на Девојчето, а помошта што ја добива од остатокот на екипата е ненадоместлива.

И покрај стравот на многу светски детски театри да ја постават на својата сцена оваа тажна бајка, Театарот за деца и младинци собра храброст и го реализира овој ризичен проект. Сигурни сме дека откако ќе ја изгледате оваа претстава, ќе им се придружите на оние коишто тврдат дека ризикот се исплатил.

Асистенти:

Маја Енчева и Константин Каракостов

Драматизација:

Маја Енчева

Сценографија:

Дилијана Прванова

Костимографија:

Дилијана Прванова

Музика:

Константин Каракостов

published in Претстави

Режија: Александар Ивановски
Автор: Луис Керол

Една од најпознатите детски приказни за девојчето Алиса, кое заспивајќи потонува во еден имагинарен свет во кој ништо не е како во реалноста, си го најде местото и на нашиот репертоар. Ликот на Алиса е толкуван од харизматичната и полна со живот Марија Ѓорѓијовска. Таа, заедно со останатата актерска екипа, им го олеснува на децата следењето на и онака недоволно јасната приказна и им нуди незаборавно искуство, исполнето со смеа и радост. Поентата на нашата претстава се состои во тоа дека секое дете треба да си остане свое и да си ја задржи својата оригиналност без разлика во каква средина се наоѓа и дали во таа средина е прифатена или не. Доколку сакате да присуствувате на едно оригинално и несекојдневно читање на АЛИСА ВО ЗЕМЈАТА НА ЧУДАТА со задоволство Ви ја препорачуваме оваа претстава.

Драматизација:

Васил Пујовски

Сценографија:

Елена Дончева

Костимографија:

Елена Дончева

Музика:

Љупчо Мирковски

Графички дизајн на сцена:

Кристина Јорданова

6 Февруари 2008

Убавицата и ѕверот

Режија: Димитар Христов
Автор: Игор Бојовиќ

Еден од најдобрите и најчесто поставуваните драмски текстови на младиот српски драмски писател за деца Игор Бојовиќ, во 1998 година доживеа премиера во нашиот театар. УБАВИЦАТА И ЅВЕРОТ е првата детска претстава која го надмина бројот од 300 изведби.

Суровиот и себичен принц е казнет од Злобницата Волшебница, која го претвора во ѕвер. Зарем не е така и во животот? Зарем малку сурови луѓе со тек на време станале вистински ѕверови? Само убавината, добрината и љубовта го прават она што изгледа невозможно – суровоста да се претвори во човечност. Оѕверениот ѕвер, одглумен од незаменливиот Владимир Лазовски, многу брзо ќе ја засака најубавата меѓу најубавите т.е. Убавицата, претставена од прекрасната Ана Левајковиќ-Бошков. Но, за да биде симната клетвата на Злобницата Волшебница, оригинално и енергично одиграна од Катарина Илиевска-Силјановска, ќе мора и Убавицата да го засака Ѕверот. Ова се чини како невозможна мисија, доколку Ѕверот не добие неопходна помош од неговата помошничка наречена Скакулка, лик кој со маестрална леснотија и интеракција на сцената го донесе актерката Татјана Павловска Кочовска. За нејзината актерска бравурозност зборува и меѓународната актерска награда што за оваа улога таа ја има освоено на Суботичкиот Фестивал во 1998 год.

Дали Убавицата ќе се заљуби во Ѕверот и дали тој конечно ќе си го врати човечкиот лик, останува на Вас да откриете. И покрај тоа што генерации и генерации на деца израснале со оваа претстава, се уште е една од најпосетуваните наши претстави.

Сценографија:

Александар Ношпал

Костимографија:

Александар Ношпал

Музика:

Славе Димитров

Кореографија:

Александар Хаџиманов

published in Претстави
7 Декември 2011

Црвенкапа

Режија: Димитар Христов
Автор: Александар Поповиќ

Уште една бајка за која не треба да се трошат зборови, зашто скоро и да нема дете на кое не му е позната приказната за девојчето, кое одејќи на пат кон куќичката на нејзината баба, во шумата налетува на волкот. Во драматуршката предлошка на Александар Поповиќ се појавува ликот на Иванка, која не постои во оригиналната приказна. Иванка е палавата другарка на Црвенкапа и во нашата претстава сосема солидно е одиграна од Винета Дамческа. За Ана Левајковиќ-Бошков, која ја толкува улогата на Црвенкапа, што и да се каже ќе биде премалку за да се опише нејзиното соживување со добро познатиот лик. Можеби најмаркантниот лик во оваа претстава е ликот на Волкот, одигран од феноменалниот Владимир Лазовски. Постојат и други Црвенкапи, на други театри, но ниедна од нив нема ваков Волк кој оставил толку силен впечаток кај детската публика. Прерано е да се каже дека ова е неговата животна улога, бидејќи Лазовски има потенцијал да им подари на децата уште многу вакви незаборавни театарски ликови. Ќе ги изеде ли Волкот Црвенкапа и Бабата, останува да проверете и да се уверите во сето она што сте го слушнале за оваа претстава.

Сценографија:

Живоин Трајановиќ

Костимографија:

Лира Грабул

Музика:

Љупчо Мирковски

Кореографија:

Сања Шутевска

published in Претстави
12 Декември 2001

Дванаесетте месеци

Режија и текст: Петар Пашов

Станува збор за добро познатата Словачка народна приказна, која е драматизирана од страна на режисерот Петар Пашов. Многу добро познатиот мотив, во кој Маќеата и нејзината ќерка Галениче неправедно го тероризираат Девијчето Сираче, режисерот низ огромна доза на хумор го поставува на сцената во која куклите го имаат главниот збор. Дванаесетте месеци се сожалуваат над судбината на Сирачето и со помош на своите натприродни моќи му помагаат да се избори за својата правда. Тројцата актери, Ана Левајковиќ-Бошков, Катарина Илиевска-Силјановска и Драган Довлев, се чувствува дека уживаат додека ја играат претставата и во дејствието активно ги вклучуваат и децата.

Нема да биде претерано ако се каже дека оваа претстава можеби најмногу ги смее и расположува помалите деца и не случајно таа за многу деца е најомилената наша претстава. За да се уверите во ова најтопло Ви ја препорачуваме ДВАНАЕСЕТТЕ МЕСЕЦИ, зашто шансите да не Ви се допадне се многу мали.

Костимографија:

Силва Бачварова

Сценографија:

Љубомир Чадиковски

Музика:

Љупчо Мирковски

published in Претстави
16 Јануари 2010

Малата сирена

Режија: Дејан Дамјановски
Автор: Русомир Богдановски

Драги гледачи, добредојдовте во Морското театарче за деца!

 

 

Вечерва ќе ви ја прикажеме нашата волшебна, надалеку прочуена претстава „Малата Сирена“. Во неа ќе видите како големата и вистинска љубов победува и успева да ги помири сите различности. Но, ќе видите и колку е тежок и полн со искушенија патот на израснувањето и созревањето. Нашите актери, тука, пред вашите очи, ќе се престорат во Сирената, Принцот, Морскиот крал, Морската Самовила, Големата Сирена, Златниот крал, Морската Вештерка и Октоподот. Во овие 50-тина минути тие ќе ве водат низ подводни дворци, морски брегови, кораби, бури, подводни мрачни пештери и златни замоци за да ви ја раскажат најубавата и најромантичната приказна што некогаш е напишана. Искрено се надеваме дека ќе уживате во ова волшебно патување низ прекрасниот свет на Малата Сирена.

Поздрав и ќе се видиме кога светлата ќе се запалат. Вашиот аплауз е нашата награда!

Искрено Ваш Морскиот Рак Андерсен - директор на Морското театарче за деца

 

published in Претстави
Страница 1 од 2
FaLang translation system by Faboba

Месечен репертоар

Април 2024
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30

Маркетинг