Displaying items by tag: Катарина Илиевска Силјановска

19 Октомври 2019

Едвард Раце Ножици

Режија: Нела Витошевиќ
По сценарио на Тим Бартон и Каролајн Томпсон

ЕДВАРД РАЦЕ НОЖИЦИ е култен филм на познатиот американски режисер Тим Бартон. Инспирацијата за оваа приказна Бартон ја црпи од неговото детство во кое поради неговата интровертност бил перцепиран како чудак. За да ја прикаже својата емотивна состојба се нацртал себе си како човек кој место раце има огромни ножици. Оттука произлегла и идејата за сценариото кое тој го развил и напишал заедно со неговата соработничка Керолајн Томпсон. Приказната зa човекот со раце ножици, кој неговото опкружување не може да го прифати, станала популарна низ целиот свет, особено кај младинската публика.

Новонастанатата драматизација за претставата ја врамува приказната за Едвард на еден сосема поинаков начин од сценариото. За разлика од сценариото кое е структурирано како флешбек на еден од главните женски ликови, овде приказната за човекот со раце-ножици ја раскажуваат сите ликови. Во низата на настани се отсликува малограѓанштинта на жителите од градот, нивната конзервативност и неможност да се соочат со различноста. На почеток тие го доживуваат Едвард како некаква егзотика, како некој кој внесува свежина во нивното рутинско секојдневие, за брзо после тоа да го отфрлат и прогласат како опасен за околината. Нивната комфорна зона е разнишана и таа позиција набргу се покажува дека општеството не е спремно да ја напушти, ниту пак зрело да се соочи со поинаквоста. И неговата љубов кон младата Ким предизвикува проблеми во заедницата и затоа тој мора да го напушти градот и да се врати повторно во замокот.

Нашата претстава зборува за тоа дека треба да ги прифаќаме различните од нас и да ги надминеме предрасудите кон другиот. Во оваа смисла таа има за цел да ги постави прашањата за тоа колку е нашето општество зрело и колку сме ние зрели за соживот со некој што изгледа поинаку, зборува поинаку, се облекува поинаку од нас и.т.н. Дали се овие ставови сменети во ова ново време или сеуште тапкаме во место по овие прашања. Колку е нашата заедница спремна да го наруши сопствениот конформизам, за доброто на другиот? Колку сме себични и колку е општото добро приоритет, а колку личниот интерес?! Спремни ли сме да му ја запечатиме судбината некому поради тоа што е различен од нас? Дали идејата за промена сеуште не плаши?!

Драматизација:

Нела Витошевиќ и Ивана Ангеловска

Сценографија:

Костантин Трпеноски

Костимографија:

Роза Трајческа Ристовска

Композитор:

Огнен Анастасовски

Рецензии

(Културен печат) Со чувство на емпатија кон поинаквите

(teatarskikritiki) Претстава за различноста, другоста, толеранцијата

(globusmagazin.mk) „Едвард раце ножици“: Супериорен приказна за различноста

Прес центар

(nezavisen.mk) „Едвард раце ножици“ – премиера на Театарот за деца и младинци

(republika.mk) Современата бајка која се занимава со третманот на различностите „Едвард раце ножици“ утре премиерно во ТДМ

(a1on.mk) „Едвард раце ножици“ – премиера на Театарот за деца и младинци

(vecer.press) „Едвард раце ножици“ – премиера на Театарот за деца и младинци

(opserver.mk) „Едвард раце ножици“ – премиера на Театарот за деца и младинци

(makpress.mk) „Едвард раце ножици“ – премиера на Театарот за деца и младинци

(mia.mk) „Едвард раце ножици“ – премиера на Театарот за деца и младинци

(smart.sdk.mk) Премиера на „Eдвард раце ножици“ за младинци над 14 години

(fakulteti.mk) „Едвард раце ножици“ – претстава за тоа како општеството ги прифаќа различностите

(ekran.mk) Вечерва во ТДМ премиера на „Едвард раце ножици“: Современата бајка која се занимава со третманот на различностите

(slobodnaevropa.mk) „Едвард раце ножици“ на Витошевиќ или колку сме спремни да се соочиме со различностите

(24.mk) Премиера на новата младинска претстава „Едвард раце ножици“

published in Претстави

Драматуршка адаптација и Режија: Виолета Џолева

Aко чувствувате дека околу вас сѐ е грдо - девојчињата ве исмеваат,возрасните мислат дека ништо не знаете, мајките само ве опоменуваат, наставниците ве караат дека сте мрзеливи, а татковците дека сте плачковци... Побарајте го чичко Сѐ и децата кои играат во првиот македонски мјузикл за деца со деца. Тие ќе ве одведе во волшебната земја на Оливера Николова, а таму ќе ве чекаат прекрасните песни на Александар Џамбазов.

Играат:

Драган Спасов – Дац

Мартин Јорданоски

Катарина Илиевска Силјановска

 

Гости – Деца :

Јован Петровски

Лука Златков

Петар Златков

Михаил Николовски

Александар Грчев

Јован Дукмеџиев

Ена Исмаили

Ема Ќулавкова

Марија Јанчевска

Мања Митевска

Луна Бејков

Јелопи Седеу Нишевиќ

Лара Трпческа

Лена Катја Илиевска

Ирина Давидовска

Неда Димкова

Ангела Алексовска

Асистент на режија

Драган Спасов - Дац

Драматург

Маја Стефановиќ

Кореографија

Кренаре Невзати - Кери

Костимограф

Елена Дончева

Музички продуцент:

Александар Митевски

Аранжер:

Дамир Имери

Видео проекција и анимација:

Емил Петро

Аранжер:

Дамир Имери

Адаптација на драмите, кореографија и режија: Кренаре Невзати - Кери

Секоја вечер, пред спиење, мајката и синот Вилијам имаат свој мал ритуал: разговараат за тоа што им се случило претходниот ден. Вилијам ѝ го открива на мајка му својот страв од утрешниот настап во училишната претстава. Всушност, тој и неговите другари треба да одиграат една комична сцена во претставата „Сон на летната ноќ“.

Тој се сомнева во својата подготвеност добро да го изговори текстот. Дополнителен проблем е што на утрешната проба ќе присуствуваат децата од целото училиште, а помеѓу нив ќе биде и Јулија, девојченцето кон кое негува посебно нежни чувства. Мајка му го бодри, го поддржува и се обидува да го охрабри и да му ја отстрани несигурноста. Вилијам набрзо заспива. Во лулката на Младата месечина се препушта на авантурите на сонот. И, како што бива само во соништата, во соништата каде што сѐ е можно и сѐ е дозволено, „... од јавето ти сништа ковеш, а сега од сонот јаве да навезеш!“ (Песни, Лаза Костиќ)

На Вилијам му се привидуваат ликовите од претставата во која треба да настапи: неговите другари, Јулија, како и други ликови од Шекспировите дела. Утро е и Вилијам се буди, возбуден. Не знае дали е јаве или сон тоа што му се случило. Истовремено, таа ноќ и мајка му имала чудни соништа. Разговарајќи со Вилијам, двајцата сфаќаат дека ноќта била волшебна. Тоа е ноќта спроти Иванден, ноќ на летната рамнодневница кога се случуваат најразлични чуда и сите, понесени од заводливата Луна, како да сонуваат со отворени очи. Сѐ е на граница меѓу СОНОТ и ЈАВЕТО. Вилијам како да добива самодоверба за настапот и, што е најважно, како да пораснал и созреал преку ноќ.

„Сонот на Вилијам“ претставува бесконечна игра меѓу сонот и јавето, реалноста и фантазијата, спокојот и страста, светот на децата и светот на возрасните. Во претставата, како впрочем и во делата на Шекспир, се поставуваат вечните прашања за другарството, љубовта, емпатијата, добрината, правичноста, доблеста, храброста... И како да ги препознаеме нивните контрапункти. Најсуштествените прашања и дилеми што човекот го прават да биде ЛИЧНОСТ и темел на едно цивилизирано, емпатично, еколошки освестено и хумано општество.

Костимографија:

Барбара Цвејиќ – Рив

Сценографија:

Кренаре Невзати - Кери

Видео анимација и фотографија :

Емил Петро

Асистент на костимограф:

Александра Младеновиќ

Асистент на кореограф:

Бојан Лазаров

Избор на музика:

Кренаре Невзати - Кери

30 Март 2018

ТОБИ

Режија и адаптација на текст: Драгослав Тодоровиќ

Постои нешто, особено кај младите, што изгледа како непремостива препрека, никако не сте задоволни од сопствениот изглед. Каква тага и горчина ... Меѓутоа, ако имате, како јазовичарот Тоби, пријателка како госпоѓата Флора, вие многу брзо ќе ја надминете оваа безмислена грижа. Едноставно, со помош на пријателите ќе се видите себе си од еден сосема друг, среќен агол. Па, вие сте вешти , остроумни , а бога ми и многу згодни. И уште нешто, немојте да се китите со туѓи перја. Ќе излезете смешни.

Драгослав Тодоровиќ
Режисер и адаптација на текст

Креација на Кукли, Сценографија и Костими:

Ирина Сомборац

Композитор:

Виктор Апостоловски

Видео анимација:

Емил Петро

Превод:

Драгана Лукан Николоски

published in Претстави

Родена на 29.01.1975 година во Скопје. По завршеното средно образование се запишува на Факултет за драмски уметности отсек: драмски актер во класата на професор Владимир Милчин и асс. Сузана Киранџиска.

Дипломира во 1997 година со претставата „Ладало“ од Јукио Мишима.

 

Работно искуство

Вработена во Театар за деца и младинци во Скопје 1999 -

Позначајни претстави во матичниот театар

  • Македонска приказна
  • Сон на летната ноќ
  • Бескрајни соништа
  • Убавицата и ѕверот
  • Црвенкапа
  • Малата сирена
  • Девојчето со кибритчиња
  • Пепелашка
  • Животинска фарма
  • Лакомата меца
  • Дванаесетте месеци
  • Петар Пан
  • ...и многу други.

Улоги на филм

Прашина, режија Милчо Манчевски

Сенки, режија Милчо Манчевски

Превртено, режија Игор Иванов Изи

Големата вода, режија Игор Трајков

До балчак, режија Столе Попов

Исцелител, режија Ѓорче Ставрески

 

Учество во неколку ТВ серии, ТВ и радио реклами, надсинхронизации и водителка на културни настани.

published in Актери
22 Јуни 2016

Пепелашка

Режија: Деан Дамјановски
Автор: Шарл Перо и Браќата Грим

Нашата „Пепелашка“ е претстава за двајца млади, но, зрели сонувачи кои успеваат да истраат во потрагата по љубовта. Убавата, но несреќна Пепелашка се чуди на потребата за богатство на нејзините полусестри и маќеата. Таа мечтае по вистинскиот. Принцот, кој има се’, но ја нема онаа вистинската покрај себе, сака сам да ја најде својата сродна душа.

Ликовите на Пепелашка која не губи верба, Принцот кој не престанува да ја бара вистинската љубов, Маќеата која врие од злоба, двете полусестри кои луто се караат која е поубава, кралот кој сака само да го жени принцот, расеаната, добра и весела самовила, трапавите симпатични животни и еден слуга кој прави глупост само што ќе мрдне со малото прсте влетуваат во еден брз сплет на смешни, стрмоглави, неизвесни и среќни случки. Па така како што само животот знае да ги намести нештата, вербата на Пепелашка и Принцот и луѓето околу нив, ги носат сите на едно место во исто време.

Надежта дека љубовта доаѓа, вербата која секој ден ја чека среќата, тоа се победниците во нашата „Пепелашка“.

Драмски автор и драматург Горјан Милошевски

 

Драматизација:

Горјан Милошевски

Сценографија:

Кирил Василев

Костимографија:

Елена Дончева

Музика:

Сашко Костов

Кореографија:

Кренаре Невзати

Прес центар

(vecer.mk) Премиера на "Пепелашка" во режија на Деан Дамјановски

(lider.mk) Премиера на „Пепелашка“ во Театарот за деца и младинци

(utrinski.mk) „Пепелашка“ премиерно на „Скопско лето“

(plusinfo.mk) Премиера на „Пепелашка“ утре во Театарот за деца и младинци

(dnevnik.mk) В среда премиера на „Пепелашка“ во театарот за деца и младинци

(diva.mk) „Пепелашка“ премиерно во Театарот за деца и младинци

(lokalno.mk) Премиера на тетарската претсава „Пепелашка“ во Театарот за деца и младинци

(republika.mk) Премиера на „Пепелашка“ – претстава за вербата, надежта и љубовта во Театар за деца и младинци

(kurir.mk) Премиера на „Пепелашка“ во Театарот за деца и младинци

(cooltura.mk) Пpемиера на „Пепелашка“ во Театарот за деца и младинци

(sitel.com.mk) Премиера на „Пепелашка“ во Театарот за деца и младинци

(exclusive.mk) Премиера на „Пепелашка“ во Театарот за деца и младинци

(vistina.mk) Премиера на „Пепелашка“ во Театарот за деца и младинци

(telegraf.mk) ТЕАТАР ЗА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ: Премиера на „Пепелашка“

(alfa.mk) Премиера на „Пепелашка“ во Театарот за деца и младинци

published in Претстави

Режија: Боњо Лунгов
Автор: Ханс Кристијан Андерсен

У ште една светски позната бајка на Ханс Кристијан Андерсен. Тажната приказна за девојчето со кибритчиња, кое измрзнато од студот упорно се обидува да продаде некое кибритче со што би заработила малку пари, неопходни за неа и нејзиниот татко, мајсторот на куклениот театар проф. Боњо Лунгов успеа да ја освежи со многу хумор и интересни досетки. Така нашата претстава е многу интересна за гледање и пратење, без страв дека детските срца ќе се натажат до несакани размери. Бајковитоста на сценографијата, костимите, куклите и музиката само го комплетира вкупниот впечаток. Фасцинира добрината на девојчето, кое расте и живее во многу сурово време и сурова средина, која нема обзири и спрема децата. Ана Левајковиќ-Бошков е брилијантна во улогата на Девојчето, а помошта што ја добива од остатокот на екипата е ненадоместлива.

И покрај стравот на многу светски детски театри да ја постават на својата сцена оваа тажна бајка, Театарот за деца и младинци собра храброст и го реализира овој ризичен проект. Сигурни сме дека откако ќе ја изгледате оваа претстава, ќе им се придружите на оние коишто тврдат дека ризикот се исплатил.

Асистенти:

Маја Енчева и Константин Каракостов

Драматизација:

Маја Енчева

Сценографија:

Дилијана Прванова

Костимографија:

Дилијана Прванова

Музика:

Константин Каракостов

published in Претстави

Режија: Александар Ивановски
Автор: Луис Керол

Една од најпознатите детски приказни за девојчето Алиса, кое заспивајќи потонува во еден имагинарен свет во кој ништо не е како во реалноста, си го најде местото и на нашиот репертоар. Ликот на Алиса е толкуван од харизматичната и полна со живот Марија Ѓорѓијовска. Таа, заедно со останатата актерска екипа, им го олеснува на децата следењето на и онака недоволно јасната приказна и им нуди незаборавно искуство, исполнето со смеа и радост. Поентата на нашата претстава се состои во тоа дека секое дете треба да си остане свое и да си ја задржи својата оригиналност без разлика во каква средина се наоѓа и дали во таа средина е прифатена или не. Доколку сакате да присуствувате на едно оригинално и несекојдневно читање на АЛИСА ВО ЗЕМЈАТА НА ЧУДАТА со задоволство Ви ја препорачуваме оваа претстава.

Драматизација:

Васил Пујовски

Сценографија:

Елена Дончева

Костимографија:

Елена Дончева

Музика:

Љупчо Мирковски

Графички дизајн на сцена:

Кристина Јорданова

6 Февруари 2008

Убавицата и ѕверот

Режија: Димитар Христов
Автор: Игор Бојовиќ

Еден од најдобрите и најчесто поставуваните драмски текстови на младиот српски драмски писател за деца Игор Бојовиќ, во 1998 година доживеа премиера во нашиот театар. УБАВИЦАТА И ЅВЕРОТ е првата детска претстава која го надмина бројот од 300 изведби.

Суровиот и себичен принц е казнет од Злобницата Волшебница, која го претвора во ѕвер. Зарем не е така и во животот? Зарем малку сурови луѓе со тек на време станале вистински ѕверови? Само убавината, добрината и љубовта го прават она што изгледа невозможно – суровоста да се претвори во човечност. Оѕверениот ѕвер, одглумен од незаменливиот Владимир Лазовски, многу брзо ќе ја засака најубавата меѓу најубавите т.е. Убавицата, претставена од прекрасната Ана Левајковиќ-Бошков. Но, за да биде симната клетвата на Злобницата Волшебница, оригинално и енергично одиграна од Катарина Илиевска-Силјановска, ќе мора и Убавицата да го засака Ѕверот. Ова се чини како невозможна мисија, доколку Ѕверот не добие неопходна помош од неговата помошничка наречена Скакулка, лик кој со маестрална леснотија и интеракција на сцената го донесе актерката Татјана Павловска Кочовска. За нејзината актерска бравурозност зборува и меѓународната актерска награда што за оваа улога таа ја има освоено на Суботичкиот Фестивал во 1998 год.

Дали Убавицата ќе се заљуби во Ѕверот и дали тој конечно ќе си го врати човечкиот лик, останува на Вас да откриете. И покрај тоа што генерации и генерации на деца израснале со оваа претстава, се уште е една од најпосетуваните наши претстави.

Сценографија:

Александар Ношпал

Костимографија:

Александар Ношпал

Музика:

Славе Димитров

Кореографија:

Александар Хаџиманов

published in Претстави
7 Декември 2011

Црвенкапа

Режија: Димитар Христов
Автор: Александар Поповиќ

Уште една бајка за која не треба да се трошат зборови, зашто скоро и да нема дете на кое не му е позната приказната за девојчето, кое одејќи на пат кон куќичката на нејзината баба, во шумата налетува на волкот. Во драматуршката предлошка на Александар Поповиќ се појавува ликот на Иванка, која не постои во оригиналната приказна. Иванка е палавата другарка на Црвенкапа и во нашата претстава сосема солидно е одиграна од Винета Дамческа. За Ана Левајковиќ-Бошков, која ја толкува улогата на Црвенкапа, што и да се каже ќе биде премалку за да се опише нејзиното соживување со добро познатиот лик. Можеби најмаркантниот лик во оваа претстава е ликот на Волкот, одигран од феноменалниот Владимир Лазовски. Постојат и други Црвенкапи, на други театри, но ниедна од нив нема ваков Волк кој оставил толку силен впечаток кај детската публика. Прерано е да се каже дека ова е неговата животна улога, бидејќи Лазовски има потенцијал да им подари на децата уште многу вакви незаборавни театарски ликови. Ќе ги изеде ли Волкот Црвенкапа и Бабата, останува да проверете и да се уверите во сето она што сте го слушнале за оваа претстава.

Сценографија:

Живоин Трајановиќ

Костимографија:

Лира Грабул

Музика:

Љупчо Мирковски

Кореографија:

Сања Шутевска

published in Претстави
Страница 1 од 2
FaLang translation system by Faboba

Месечен репертоар

Април 2024
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30

Маркетинг