По повод светската недела на детето, „Н.У. Театар за деца и младинци“ ќе го даде својот придонес со донирање на влезеници на деца со оштетен слух за претставата „Волшебната флејта“, која ќе се одржи на ден 08.10.2017 година.
Н.У. Театар за деца и младинци продолжува со својата активност да биде пример на хумана и социјално свесна установа која секогаш е тука за децата.