Режија: Боњо Лунгов
Асистент: Маја Енчева
„ПЕТАР ПАН - вечното дете во нас“ Најновата претстава на Театарот за деца и младинци - Скопје – „Петар Пан“, е повторна средба на гледачите со ризницата на светската класична литература за деца. Петар Пан - детето кое никогаш не израснува - е детето кое секој од нас сака да го задржи постојано во себе. И што има поубаво од тоа: соништата кои ги носиме во себе понекогаш да се исполнат, или пак најчудните авантури кои сме сакале да ги преживееме да ни се случат и од вербата во тоа дека доброто секогаш го победува злото! Со многу имагинација, хумор, песни и смеа гледачите ќе доживеат фантастични моменти во земјата Недојдија. Ќе полетаат со нашите херои со помош на волшебниот прав. Ќе се сеќаваат на игрите од детството на пирати и Индијанци. Ете, тоа е приказната за Петар Пан.
Играат:
Драган Довлев
Предраг Павловски
Тања Кочовска
Драматизација:
Маја Енчева
Сценографија:
Дилјана Прванова
Костимографија:
Дилјана Прванова
Музика:
Михаил Шишков
Кореографија:
Константин Каракостов
Прес центар
(sitel.com.mk) Две награди за Театарот за деца и младинци на фестивал во Подгорица
(radiomof.mk) Театарот за деца и младинци со две награди од фестивал во Подгорица
(tvnova.mk) Две награди за Театарот за деца и младинци на фестивал во Подгорица
(plusinfo.mk) Театарот за деца и младинци се врати со две награди од Црна Гора
(vecer.mk) Петар Пан со две награди во Подгорица
(kanal5.com.mk) Две награди за Театарот за деца и младинци на фестивал во Подгорица
(reporter.mk) Две награди за Театарот за деца и младинци во Црна Гора
(republika.mk) Две награди за Театарот за деца и младинци на фестивал во Подгорица