МАЛАТА СИРЕНА
Уште еден убав влез во светот на бајките, уште еден убаво одсонуван сон со отворени очи, уште една убава приказна за доброто, злото, омразата и љубовта...која спојува светови! И од тој убав свет просто човек да не сака да излезе!
Театарот за деца и младинци создаде уште една претстава што бездруго не само што ќе ги анимира и радува децата туку е и вреден естетски производ кој ќе се гледа.
Борче Грозданов("Вечер"-21.01.2010)