Супербајкастично

  • Сцена: Детска
  • Времетраење: 50 минути
  • Премиера: 12.6.2021
  • Возраст: 6+
{JEVK2EMBED}

Режија: Игор Ивковиќ
Автор: Горјан Милошевски

Живееме во време кога не само декларативно, туку и практично треба да зборуваме, актуелизираме, поставуваме на театарските сцени, теми од областа на животната средина. Неминовно е уште од најмала возраст, децата, младинците, но и возрасните да ги менуваат досегашни навики на живеење во кои се` помалку имаме чувство за околината.
 
Во претставата СУПЕРБАЈКАСТИЧНО, двајцата херои, децата Мила и Давид на свои 10 години, ја започнуваат најголемата битка за нашата планета. За таа цел Давид создава супер - еколошки велосипед водејќи се според изуми и нацрти на неговите претци – климатолози. Тој велосипед отвора порта кон поинаква, бајковидна димензија каде што нашите херои се борат против Небрила Токсичнаја, мајката на целото загадување, кралица на загадениот воздух. За да ја победат тие треба да поминат многу необични, големи и чудни пречки.
 
СУПЕРБАЈКАСТИЧНО преку многу хумор, брливи и брзи слики со игриви мелодии, сака да ве натера да сфатите дека навистина имаме многу малку време за да ја спречиме големата еколошка закана што доаѓа од купиштата ѓубре што секојдневно ги создаваме. Ова е приказна за нашиот свет виден преку една различна перспектива, но со остра и точна порака за нас, за идните генерации и за чистиот и здрав свет. Само во таков свет можеме да живееме.
 
Сите тие важни пораки, претставата ги комуницира со публиката со помош на јасно изградени карактери кои понекогаш потсетуваат на ликови од анимирани филмови, надополнети со гротескни игри и карикатури на познати ситуации од нашето секојдевие.
 
СУПЕРБАЈКАСТИЧНО е еколошка бајка за деца, но и за возрасни, чија цел е да ги разбуди емпатиите кај публиката за поголема грижа кон планетата Земја, нашиот единствен дом.

 

Игор Ивковиќ, режисер Горјан Милошевски, автор на драмата

Според идеите на:

Горјан Милошевски и Игор Ивковиќ

Сценографија:

Филип Коруновски

Костимографија:

Елена Вангеловска

Изработка на маскоти:

Маре Трајковска

Композитор:

Оливер Јосифовски

Кореографија:

Дафина Данилоска-Кочевска

Дизајн на потконструкција за кревање велосипед:

Филип Здравески(дипл. машински инженер), Александар Георгиевски (лаборант по заварување), Данил Ѓорѓески (дипл. машински инженер)

Media

FaLang translation system by Faboba

Месечен репертоар

Март 2024
П В С Ч П С Н
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Маркетинг