Режија: Милена Миланова
Драматург : Милена Миланова
Дали некогаш сте слушнале за крено-носачи на спомени? Денес ќе запознаете четворица чудни специјалисти вработени во компанијата „Kрени-носи“. Тие ја имаат способноста да раскажуваат спомени, скриени во кутии. Нивното мото е „Крени-носи, секогаш подготвени да помогнеме“. Денес тие имаат задача да ги пренесат кутиите од детската соба на едно мало дете-Саша.
Сепак, кутиите не се обични, туку волшебни, магични. Во секоја од нив се крие по една приказна, еден детски спомен за пријателството.
Со помош на мачката Ѕвездана, со песни, кукли и бои, нашите храбри крено-носачи ќе ни ја раскажат приказната за детството на малиот Саша. За неговата средба со малото глувче, со големата риба, за подароците, за патувањата со родителите, за соништата, мечтите, борбите и пријателствата на малиот Саша. „Во детската соба“ е претстава за едно дете кое учи да се поврзува и да другарува со останатите.
Режисер
Милена Миланова
Играат:
Никола Наковски
Драматург:
Милена Миланова
Сценографија и костим:
Марина Червенкова
Дизајн и изработка на кукли:
Марина Червенкова
Концепт за сценографија:
Милена Миланова, Марина Червенкова и Огњана Серафимова
Специјални системи и механизми:
Мартин Манев
Голема благодарност на Златко Митрески