Касета

  • Сцена: Младинска
  • Времетраење: 60 минути
  • Премиера: 11.12.2019
{JEVK2EMBED}

Режија: Бесфорт Идризи
Автор: Денис Магнусон

Касета“ говори за тинејџерката Тува, која не може да најде заеднички јазик со својот татко, за кој има мислење дека е многу здодевен и ништо не разбира.

 

Еден ден, не знаејќи што да прави, доаѓа до идеа да се качи на таванот од куќата каде што живеат, со цел да си ги најде старите играчки од детство. Помеѓу правливите стари предмети пронаоѓа една стара музичка касета на која пишува само „Горбар“.

До касетата наоѓа и касетофон за кој се чуди за што служи. По неколку безуспешни обиди, таа успева правилно да ја стави касетата во касетофонот. Откако ќе притисте „Play“ неочекувано за неа, почнува да свири една мошне експресивна метал музика. Тува, зачудена од самиот вид на музиката но и од чувството што го предизвикува кај неа, доаѓа до заклучок дека тоа е најдобрата музика која некогаш ја слушнала.

Таа, целата се обзема со оваа касета, но сепак ја мачи прашањето за натписот,но исто така  и  кој е автор на оваа музика. Тува  решава да истражува за нив. Чекор по чекор, почнува да открива еден сосема нов свет за неа. Ќе го открие светот на метал музиката и андерграунд сцената. На крајот од нејзиното истражување , откако запознава многу несекојдневни личности и патува по разни предели, доаѓа до неочекувано сознание дека всушност легендата во металскиот свет , фронтменот и уметничкиот гуру на ,, Горбар”  е нејзиниот татко. Токму тој, за кого таа мислеше дека е здодевен, старомоден и дека ништо не разбира од модерното време во кое тие живеат. Изненадувањата не завршуваат тука.

По смртта на нејзината мајка која умира при породувањето со неа, татко ѝ, со цел да ѝ се посвети целосно на Тува, бил приморан да го напушти музичкиот свет. Сето ова за неа е ново откритие при што татко ѝ од обичен губитник , станува главен херој.

Претставата има повеќе важни аспекти за младата публика. Од една страна открива цел еден музички свет, но истовремено од друга страна, се фокусира на семејните односи. Сето ова се прави на начин кој е мошне интересен за младите, односно тинејџерите, кои додека откриваат нови светови за нив, ги запоставуваат односите со нивните родители сметајќи ги нив како здодевни.

Сценографија:

Енес Деари

Костимографија:

Роза Трајческа Ристовска

Композитор:

Игор Василев

Media

FaLang translation system by Faboba

Месечен репертоар

Април 2024
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30

Маркетинг