СЦЕНА: ТЕАТАР ЗА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ – СКОПЈЕ
ТЕАТАР: КУКЛЕН ТЕАТАР „ХОП СИЊОР“, АТИНА, ГРЦИЈА
АВТОР И РЕЖИСЕР: ТАНОС СИОРИС
ПРОДУЦЕНТ: ХОП СИЊОР/ ТЕХНИЧАР: ЕВГЕНИЈА ЦИХЛИЈА
ЗА ПРЕТСТАВАТА: Сино претставува низа од кратки и брзи драмски ситуации во кои главните ликови се полицајци. Тие се меѓусебно поврзани зашто некои ликови се појавуваат во повеќе од една сцена. Овие ликови се исто така автономни и градат еден мозаик од набљудувања, прашања, мисли, шепоти и желби за спроведувањето на законите.
Сино е обид да се осветлат дилемите, конфликтите, трагикомичните инциденти кои се јавуваат кога некој треба да почитува наредби. Стереотипите се истражуваат и ставени се под знак прашалник како и машкоста која е под микроскоп. Хуморот е незаменлив елемент од претставата, а често дозволува трагедијата да тоне уште подлабоко.
/ театар на предмети/ 45 мин./ 14+ и возрасни