Super User

Super User

Автор и режија: Бојана Лазиќ

Облак во мала кутија е првата интерактивна театарска претстава за бебиња во Македонија. Нејзини гледачи се мали дечиња кои штотуку наполниле 12 месеци како и нивните родители. Разни визуелни изненадувања, колективни игри, весела музика, палави зборови, необични форми и пријатна атмосфера се преплетуваат во претставата.

Облак во мала кутија, во споредба со претставите за постари деца, младинци и возрасни луѓе, не е заснована на наратив туку на дејствија кои будат и провоцираат љубопитност. Содржините се прилагодени за возраста на публиката и осмислени се со цел да ги стимулираат сетилата и да ја поттикнуваат фантазијата.

Просторот во кој актерите ги дочекуваат бебињата и родителите е безбеден, удобен, мек и нежен. Во тој простор сите можат да се опуштат и да уживаат. Актерската игра се заснова на импровизации и интеракција. Нема јасни граници за тоа кој е изведувач, а кој е гледач па од време на време актерите ќе гледаат во бебињата и од време на време бебињата ќе ги набљудуваат актерите. Сценографијата е дизајнирана така што треба да поттикнува развој на когнитивни и моторички способности, социјални способности како и тактилни сензации. Децата можат цело време да уживаат, а можат и да истражуваат со дискретна помош од актерите.

Идејата е актерите/изведувачите да ги инспирираат дечињата за да ги поведат во лавиринт од апстракции, нежна музика, пријатни изненадувања, сетилни сензации и соновна атмосфера.

Облак во мала кутија им нуди на бебињата и родителите доживување што не можат да го почувствуваат ни во една соба полна играчки, ни во парк, игротека, а ни во некоја градинка... Оваа магија не може да се случи никаде освен во театар.

Режисер Бојана Лазиќ

Сценографија и костим:

Бранислав Станковиќ

Композитор:

Владимир Пејковиќ

Сценски движења:

Дамјан Кецојевиќ

Асистент сценограф:

Кирил Василев

 
14 Ноември 2020

Што е силеџија

Режија: Хана Миленковска
Автори: Горјан Милошевски и Хана Милeнковска

ВВо претставата со работен наслов „Што е силеџија?“, на прв план, се опфаќаат проблемите поврзани со врсничкото насилство поточно силеџиството во едно средно училиште. На втор план, всушност подлабоко вграден во самата драмска содржина, се прикажува проблемот на силеџиството во општеството како и на гневот што го носиме во себе кој предизвикува друг гнев. Темите кои се застапени во текстот чии автори се Горјан Милошевски и Хана Миленковска (исто така режисер на претставата), произлегуваат од еден сложен синџир, од една долга верига на односи, трауми, случки, силеџии од детството, силеџии од сегашноста итн. Имено, веќе не е доволно и не помага само да се зборува за силеџиите и нивниот чин на насилство, да се прави претстава или филм во кој гледаме како насилни индивидуи малтретираат други индивидуи. Веќе живееме во време кога сме освестени за повеќеслојноста на овој проблем. Мора да се најдат причините, настаните, луѓето кои од едно нормално дете, еден чист човек направиле силеџија. Кои се силеџиите на силеџиите? Кои се факторите за еден човек да манифестира силеџиство?

 

Со режисерката, Хана, овие проблеми и овие прашања ги разгледуваме преку триаголникот: семејство, игралиште и школо. Значи причините мора да се бараат во минатото, во околните причинители, средината: фамилијата, школото и местата каде младите играат со своите другари.

 

Приказната се врти околу еден инцидент во кој учествуваат пет средношколци: Васил, Стефан, Марија, Мартин и Луција. Ги гледаме овие млади луѓе кои носат трауми од своето минато, од детството, кои се заробени во еден синџир на насилници и насилнички методи и корупција. Гледаме како ништо сериозно не се презема во врска со жртвите на насилството, како никој не реагира на гневот, агресијата што се пренесува од еден на друг, од една средина во друга, поради траумите или во име на личните интереси. Ретко кој размислува за долгата верига на односи, трауми, случки и силеџии, не се пристапува на проблемот аналитично и покомплексно. Па затоа ги гледаме и овие млади луѓе во нивната апатија, бунило, немоќ да направат нешто за да се прекрши овој синџир. Гледаме ликови поточно луѓе кои се за жал инструменти на насилството кое се пренесува одамна, од година во година, од еден на друг, како модус за опстојување, за доминација, за одбрана.

 

Овие пет луѓе се борат, тие се на раскрсница меѓу потребите, желбите на секој млад човек и тој неуништлив круг на конфликти, случки, насилници, корупција и последици.

 

Музика:

Колективен избор на музика

Кореографија:

Валентино Апостоловски

Прес центар

(time.mk) Драмата „Што е силеџија?“

(slobodnaevropa.mk)Драмата „Што е силеџија?“ премиерно во Театар за деца и младинци

(radiomof.mk) „Што е силеџија“ – претстава за „заразниот гнев“ во Театар за деца и младинци

(vecer.press) Премиера на ТДМ: „Што е силеџија“ – младинска претстава за врсничко насилство

(skopjeinfo.mk) Премиерна изведба на младинската претстава ,,Што е силеџија”

(opserver.mk) Театарот за деца и младинци со нова премиера – „Што е силеџија“

(mkd.mk) „Што е силеџија“ – нова претстава на Театарот за деца и младинци

(24.mk) Театарот за деца и младинци со нова премиера – „Што е силеџија“

(a1on.mk) Театарот за деца и младинци со нова премиера – „Што е силеџија“

(plusinfo.mk) Претставата „Што е силеџија” ќе се изведе премиерно во Театарот за деца и млади

(netpress.com.mk) Претставата „Што е силеџија” премиерно во Театарот за деца и млади

(makpress.mk) Театарот за деца и младинци со нова премиера – „Што е силеџија“

(republika.mk) Поради стравот играме улога на насилник и жртва

(ekran.mk) Н.У. Театар за деца и младинци ја најавува премерната изведба на младинската претставата „ШТО Е СИЛЕЏИЈА”

9 Ноември 2020

Ангела Димитрова

Родена 1992 година во Битола. Дипломирала актерска игра на Факултетот за Драмски уметности - Скопје во класата на проф. Златко Славенски во 2015 година. По завршувањето на студиите учествувала во многу работилници, семинари и тренинзи во Македонија и во странство.

 

Професионални театарски претстави

“Архелаос или Еврипид се враќа на Балканот”- режија Владо Цветановски, Драмски Театар - Скопје (2012г)

”Вечната куќа” - режија Дејан Пројковски,Македонски Народен Театар (2013г)

“Сината птица”- режија Златко Славенски, Македонски Народен Театар (2014г)

“Пијани” - режија Марјан Ѓорѓиевски, Народен Театар Битола (2017г)

“Дон Жуан” - режија Андреј Цветановски, Народен Театар Битола (2017г)

“MAMMA MIA!” мјузикл- режија Наташа Поплавска, Македонски Народен Театар (2017г)

“Но(е)ва Македонија” - режија Кокан Младеновиќ, Народен Театар Битола (2018г)

“Август во округот Осејџ”– режија Драгана Милошевски Попова, Народен Театар Битола (2019)

“Едвард раце ножици”– режија Нела Витошевиќ, Театар за деца и младинци Скопје (2019)

“Јованче и Марика”– режија Давор Драгојевиќ, Театар за деца и младинци Скопје (2019)

Независни театарски проекти

“Конфузија” - режија Билјана Радиноска, Евро-Балкан Инстутут, Скопје (2012г)

“Соочување(кон себе)” - режија Драгана Стојчевска, ИМПАКТ фестивал, Велес (2012г)

“Го сакам Скопје, местото каде сум “(Бела Ноќ 2012) - режија Кренаре Невзати и Војо Цветановски (2012г)

“Свадба” - режија Ѓорѓи Ризески, Независен Театар Фабрика, Скопје (2014г)

“Жени од подземјето” - режија Андреј Цветановски , Фестивал на античка драма “Стоби” (2016г)

Филмски и телевизиски проекти

“До Балчак”  (долгометражен филм) - режија Столе Попов, “Тријангл Филм”, “Сектор Филм Скопје” и  fx3х Продукција  (2012г)

“За Ангела” (краток филм) - режија Лука Аполито, ФДУ- Скопје и Џифони фестивал Македонија  (2013)

“На Терапија” (ТВ серија) - режија Вардан Тозија, “Кино Око” Продукција  (2017)

“5 + Фамилија” (ТВ серија) - режија Иван Иванов-Изи, “ОХО” Продукција (2017)

“Другарот”(краток филм) – режија Димитар Оровчанец, “Самојлик” Продукција (2018)

“Фамилијата Марковски”(ТВ серија) – Даријан Пејовски, “Арт проект лаб” Продукција (2019)

Работилници во областа на театарот во Македонија 

“Кратки резови” на тема “Вишновата градина” од А.П.Чехов, предaвач- Аида Буквиќ, Меѓународен тетарски фестивал МОТ- Скопје  (2012)

“Црнината и прилега на Eлектра”- Јуџин О’Нил (работилница со краен резултат - претстава), предавачи- Маја Митиќ, Агнес Нокшиќи, Џенгис Ибрахим, Олга Панго, Наташа Поплавска   (2015)

“Драматизација на не-вербалниот сценски израз” , предавач Милош Софренович  (2016)

Резиденции и тренинзи во странство

Интернационална летна школа во “The Watermill Center” Њујорк, предводена од светскиот режисер Роберт Вилсон  (2015)

Тренинг за освестување на телото “Your body is your statement” во Унјелоу, Полска , предавачи - Илзе Јеце и Инесе Предите (2016)

Театарска резиденција “Diversity is Super-city” во Сремски Карловски, Нови Сад, предавач -Емануеле Нарги (2016)

Талент камп (програма за таленти со повеќе работилници) “Talents Sarajevo 2018” во рамките на Сараево Филм Фестивал (SFF), Сараево, (2018).

На 27 октомври 2020 (вторник) со почеток од 13 часот, во Музејот на современа умeтност во Скопје, на отворено (со запазување на сите протоколи), Н.У. Театар за деца и младинци - Скопје, ќе го одбележи три деценискиот јубилеј со промоција на монографијата: „30 ГОДИНИ ТДМ - СОН ШТО ТРАЕ“.

 

Покана

 

На промоцијата свое обраќање ќе имаат:
Катарина Илиевска - Силјановска - Директор на Н.У. Театар за деца и младинци-Скопје
Тодор Кузаманов - автор на монографијата
проф. д-р Ана Стојаноска - рецензент на монографијата

Повелете!

Врз основа на член 35 од Закон за административни службеници „Службен весник на Република Македонија“ бр.27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16, и 11/18) и Уредбата за спроведување на постапката за вработување на администратвни службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр.27/18), а во врска со член 20-г од Закон за вработени во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр.27/14, 199/14, 27/16 и 35/18) и Правилникот за задолжителните елеменети на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработувањето во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр.34/15), Агенцијата за администрација објавува


ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 126/2020
за вработување на 1 јавен службеник од Група I, подгрупа II во НУ Театар за деца и младинци – Скопје за следните работни места:

 

1.КУЛ0102Б04006 Раководител на одделение за маркетинг и односи со јавност, Административна служба, 1 извршител(и)
Општи услови:
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посбени услови:
- ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки или Политички науки
- најмалку 4 (четири) години работно искуство во струката од кои најмалку 1 (една) година на работно место во јавен сектор, односно најмалку 6 (шест) години работно искуство во струката од кои најмалку 2 (две) години на раководно работно место во приватен сектор,

Општи работни комепетенции:
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;
- учење и развој;
- комуникација;
- остварување резултати;
- работење со други/тимска работа;
- стратешка свест;
- ориентираност кон клиенти/засегнати страни;
- раководење и
- финансиско управување.

Посебни работни комепетенции:
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
- потврда за положен испит за административно управување
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)

Распоред на работно време:
- Работни денови Понеделник - Петок
- Работни часови неделно 40
- Работно време од 08:00 часот до 16:00 часот
- Опис за работното време: со почеток на работното време помеѓу 07:30 и 08:30 часот и завршеток на истoто помеѓу 15:30 и 16:30 часот.

Паричен нето износ на плата: 31.091,00 денари

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2020 год. се : Албанец(ка) 1

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето во електронска форма преку корисничкиот профил креиран на интернет страницата на Агенцијата за администрација.

Рокот за пријавување изнесува 15 дена, сметано од денот на објавувањето на огласот. По истекот на рокот за пријавување, огласот ќе биде отстранет од интернет страницата на Агенцијата.

Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци.Пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на секоја следна фаза од постапката за селекција на административен службеник, на интернет страницата на Агенцијата за администрација.

Фаза 1 – административна селекција со спроведува во рок од 15 дена од завршувањето на објавениот оглас.
Фаза 2 – испит за административен службеник се спроведува во рок кој не може да биде пократок од 10, а подолг од 30 дена од завршувањето на фаза 1 и истата се снима и емитува во живо на интернет страницата на Агенцијата за администрација.
Фаза 3 – проверка на веродостојност на докази и интервју се спроведува во рок од 10 дена од завршување на фаза 2.

ПРЕЗЕМЕТЕ ја
одлуката за избор на кандидати за вработување по оглас бр. 02-79/2 од 03.2.2020 година

 

>> ТУКА <<

jovanche i marika posterНа 21 август 2020, на сцената ДОЛНИ САРАЈ во Охрид, во 20:00 часот Н.У. Театар за деца и младинци ќе гостува на јубилејното 60. издание на фестивалот ОХРИДСКО ЛЕТО со претставата ЈОВАНЧЕ И МАРИКА, во Режија на Давор Драгојевиќ. 

Јованче и Марика се најпознатите брат и сестра во литературата за деца. Браќата Грим им подариле "вечен" живот, а многу генерации растеа со оваа прекрасна бајка која ни ја покажува вистинската љубов во семејството, добрината и пожртвуваноста. 

Куклената претстава ЈОВАНЧЕ И МАРИКА е наменета за најмладата публика. Во неа играат: Катарина Илиевска Силјановска, Драган Довлев, Ана Левајковиќ Бошков, Марија Ѓорѓијовска и Ангела Димитрова.

Воедно Ве известуваме дека претставата ќе се изведува според сите здравствени протоколи, во координација со организаторите на фестивалот ОХРИДСКО ЛЕТО.

Честит Светски ден на театарот на сите колеги и соработници.

По повод 30 годишниот јубилеј, колегите ликовни уметници од ТДМ, создадоа впечатлива изложба од кукли во нашиот простор.

Истата ќе биде отворена и за публиката кога повторно ќе почнеме да другаруваме.

Ве известуваме дека Н.У. Театар за деца и младинци во соработка со МРТВ, секоја недела од 12 часот на МРТВ ќе се прикажува дел од претставите на нашиот репертоар.

На овој начин сакаме да придонесеме во дружeњето со нашата верна публика додека седиме дома, а воедно да го означиме нашиот 30-ти  јубилеен роденден (25ти март 2020) .

Листата на претстави кои ќе бидат емитувани е:

  • Македонска приказна
  • Дванаесетте месеци
  • Алиса во земјата на чудата
  • Девојчето со кибритчиња
  • Зрното грашок и принцезата
  • Цветна улица
  • Снежана и седумте џуџиња
  • Оливер Твист
  • Волшебната флејта
 
30 ГОДИНИ ТДМ „СОН ШТО ТРАЕ“
 

monografija 2„Сон што трае“

На денешен ден (25 март 1990), со претставата ЧУДОВИШТАТА ОД НАШИОТ ГРАД, почнa со работа единствениот специјализиран професионален театар посветен на детската театарска продукција.

Три децении исполнети со многубројни детски насмевки, рекордни изведби на претстави, награди и меѓународни признанија.

По повод 30 годишниот јубилеј создадовме МОНОГРАФИЈА, во која е сумиран три деценискиот развој на нашиот театар.

monografija 1Монографијата, заедно со останатите активности по повод роденденот, разбирливо ќе бидат поместени за друга прилика, во која заедно со нашата публика ќе се радуваме.

#30godiniTDM #sonstotrae

monografija 3

Страница 7 од 21
FaLang translation system by Faboba

Месечен репертоар

Април 2024
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30

Маркетинг