19 September 2023

Повик за учество во работилница за кукларство

There is no translation available.

festival IFDT Igor Madzirov

Во рамките на второто издание на ИФДТ „Игор Маџиров“ од 27. до 30. септември, 2023 ќе се одржи работилница за кукларство под менторство на Тамара Кучиновиќ, режисерка на куклени претстави и доцент на уметности на одделот за куклен театар на Факултетот за драмски уметности од Осијек.

Работилницата ќе се одржи во просториите на факултетот за драмски уметности (ФДУ), во периодот од 13:00 до 16:00 на 27. 28. и 29. септември 2023.

Ги покануваме сите заинтересирани студенти на факултутетите за драмски уметности, наши колеги актери, режисери, драматурзи да се пријават за учество на работилницата најдоцна до 26.09.2023 на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. со наведување на: Име и презиме, годишна возраст, контакт телефон, студиска програма/работна позиција. Работилницата е со ограничен број на учесници.

Tamara KucinovicЗА МЕНТОРОТ:

Кучиновиќ, Тамара, дипломира Актерство и кукларство на Академијата за уметности во Осијек во 2008 година. Како дипломиран студент таа учествува во многу студентски, театарски изведби како изведувач под менторство на истакнати хрватски и странски, театарски дејци и педагози како Златко Свибен, Томи Јанешиќ, Еди Мајарон, Вјеслав Хејно и Николина Георгиева. Како студент таа исто така се вклучува во правење театарски перформанси како помошник режисер работејќи со театарски режисери како Златко Свибен и Георгиј Паро. Во 2008 година почнува да студира на Државната театарска академија во Санкт Петерсбург во Русија и тоа Куклена театарска режија како главен предмет, каде дипломира во 2012 г. во класата на Н. П. Наумов. Додека студира во Русија таа учествува во многу изведби под менторство на А. Ј. Стависки, Н. П. Наумов и Л. В. Шуринова. Режира театарски и куклени изведби во Хрватска и во странство и освојува награди за нејзините уметнички трудови. Сега работи како вонреден професор на Отсекот за театар при Академијата за уметности во Осијек предавајќи курсеви по Анимација на кукли и Режија на куклен театар.

ЗА РАБОТИЛНИЦАТА:

Во оваа работилница ќе се обидеме да допреме до некои подлабоки делови од човечкото суштество . основни техники на замена во театарот. Продирајќи до подлабок дел од себе ние  ќе дојдеме до подлабоко разбирање на куклите, анимацијата, атмосферата и куклените дејствија на сцена. Ќе се обидеме да го пренесеме „внатрешното јас" на куклата и така ќе го разбереме нејзиното движење. Ќе се обидеме да го сториме тоа со различни предмети и материјали.

Забелешка: Ќе биде потребно учесниците да донесат некои вредни предмети од дома, некои предмети кои им значат нешто. Играчки од детството или други предмети врзани за многу нивни сеќавање. Кој било предмет што носи некакво значење во себе.Исто така ќе ми требаат некои вообичаени предмети од дома како:чајници, шолји, филџани, ќебиња, перници, сунѓери, чевли, предметиод кујна.

Ве очекуваме!

Monthly repertoire

November 2026
M T W T F S S
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30

Marketing