Режија: Драган Довлев
Автори: Горјан Милошевски и Драган Довлев
Златокоса е дете кое сака да си игра, таа е дете кое сака топлина и љубов, кое е мило и добро, како и секое дете. Меѓутоа, сите овие нешта како да се заклучени некаде длабоко во нејзиното срце. Па така Златокоса си игра сама, нејзините родители како да подзаборавиле дека е дете, Златокоса ретко добива љубов а повеќе добива лутина и Златокоса е немирна, непослушна и лута. Звучи познато?
Златокоса е несреќна и тргнува на пат длабоко во шумата од каде не знае да се врати назад. Таа и веќе не сака назад дома. Така почнува едно многу необично патување до домот на трите мечки. Дом во кој секој секого слуша, разбира, почитува, му помага и го љуби безусловно и без лутина. Дом каде се играат многу игри, каде сите се смеат, каде се учи и живее во мир, каде се читаат приказни без да се вика, каде може да правиш што сакаш и кога сакаш. Звучи како на сон, така?
Златокоса е само дете кое го изгубило својот „пат“ и го бара „клучот“ до сите детски, човечки, убави работи скриени во нејзиното срце. А клучот се крие онаму кајшто најмалку очекува, кај едно семејство „ѕверови“ што умеат да не викаат.
Горјан Милошевски, коавтор
Играат:
Алтернации:
Анастасија Ласовска
Сценографија и дизајн на кукли:
Кирил Василев
Костимографија:
Љубица Велкова
Композитор:
Игор Василев
Кореографија:
Симона Спировска
Фотограф:
Маја Аргакијева
Симона Спировска
Наташа Петровиќ
Бојан Кирковски
Владимир Лазовски
Изабела Новотни
Драган Довлев