Конкурс

IFDT Игор Маџиров

 III. Интернационален фестивал за детски театри
„Игор Маџиров“
Скопје, Р. С. Македонија, 01 - 05 октомври 2024 година

 

ПОВИК ЗА ПРОДУКЦИИ

Интернационалниот фестивал за детски театар „Игор Маџиров“ објавува отворен повик за учество во натпреварувачката програмата на третото фестивалско издание кое ќе се одржи од 01 до 05 октомври 2024 во Скопје, С. Македонија.
Домаќин на фестивалот е Н.У. „Театар за деца и младинци“ - Скопје.

Третото фестивалско издание е посветено на т.н. КАМЕРНИ форми на претстави: куклен театар, театар на сенки, танцов, физички, музички театар и други форми и естетики, креирани од професионални театарски продукции за деца и млади.

Повикот за учество ќе биде отворен до 15 април, 2024 година.

 

Образецот за апликација може да се најде овде:

Форма за апликација

 

ЗАБЕЛЕШКА: Апликациите кои ќе стигнат по наведениот краен рок и нецелосните апликации нема да бидат разгледувани.

КАКО ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ

  1. Комплетиран онлајн образец
  2. Целосна снимка од претставата (прикачена на онлјан формуларот како линк од wetransfer, sendspace или друго)
  3. Кратко промотивно видео за изведбата (до 3 минути, прикачено на онлајн формуларот како линк од wetransfer, sendspace или друго)
  4. Пет (5) хоризонтални фотографии од претставата (13x18 см, 300 dpi, или 1500 x 2100 пиксели)
  5. Кратко резиме за претставата на анлиски јазик (до 900 карактери)
  6. Листа на актери и техничката екипа
  7. Кратко резиме за театарот/продукцијата (до 900 карактери)
  8. Техничка листа
  9. Лого од театарот

ЗАБЕЛЕШКА: Во прилог на повикот можете да ги користите и следните документи:

  1. Техничка спецификација од сценскиот простор
  2. Технички приказ на светлосниот парк

 

Доставените материјали остануваат во архивата на фестивалот.

СЕЛЕКЦИЈА

Основниот критериум за избор е нивниот уметнички квалитет. За квалитетот на претставите во натпреварувачката програма ќе одлучува Селекторот и Уметничкиот совет на фестивалот.

Резултатите од селекцијата ќе се објават најдоцна до 01 мај, 2024 г. на официјалната веб страница на фестивалот: www.puppet.com.mk.

Поединечни известувања ќе добијат само оние учесници чија претстава ќе биде избрана во програмата на официјалната конкуренција.

НАГРАДИ

Фестивалот ќе ги доделува следните награди:

  1. ГРАН ПРИ награда за претстава во целина
  2. НАГРАДА ЗА НАЈДОБРА РЕЖИЈА
  3. НАГРАДА ЗА СЦЕНОГРАФИЈА
  4. НАГРАДА ЗА КОСТИМОГРАФИЈА
  5. ДВЕ НАГРАДИ ЗА НАЈДОБРО АКТЕРСКО ОСТВАРУВАЊЕ
  6. СТРУЧНАТА ЖИРИ КОМИСИЈА ИМА ПРАВО ДА ДОДЕЛИ И СПЕЦИЈАЛНИ НАГРАДИ

За наградите ќе одлучува тричлено, меѓународно жири.

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО

  • Трошоците за пат до Скопје и назад се на товар на самите учесници
  • Организацијата на фестивалот ги покрива трошоците за локален транспорт
  • Фестивалот ги покрива трошоците за сместување и храна за 10 лица за три фестивалски денови
  • Организацијата на фестивалот овозможува техничка поддршка за изведбите на претставите

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ:

Доколку имате потреба од дополнителни информации, Ве молиме контактирајте ја канцеларијата на фестивалот на:

www.puppet.com.mk
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

  • +389 2 3136 185
  • +389 71 366 765
  • +389 70 991 961

 

Со искрена почит,
Катарина Илиевска – Силјановска
Директор на
„Театар за деца и младинци“, Скопје


FaLang translation system by Faboba

Месечен репертоар

Јули 2024
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31

Маркетинг