СЦЕНА: ТЕАТАР ЗА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ
ТЕАТАР: ТЕАТАР ПИНКЛЕЦ, ЧАКОВЕЦ, ХРВАТСКА
АВТОРИ: ВАЊА ЈОВАНОВИЌ И ПАТРИК ГРЕГУРЕЦ
РЕЖИЈА: ВАЊА ЈОВАНОВИЌ
ИГРААТ: ЕНА ЈАГЕЦ/КАРОЛИНА ХОРВАТ, МАРИО ЈАКШИЌ, БРУНО КОНТРЕЦ, ДАВОР ДОКЛЕЈА
ВИЗУЕЛЕН АСПЕКТ НА ПРЕТСТАВАТА: АЛЕНА ПАВЛОВИЌ/ ДИЗАЈН НА СВЕТЛО: ВАЊА ЈОВАНОВИЌ/ КОМПОЗИТОР: ШИМУН МАТИШИЌ/
ЗА ПРЕТСТАВАТА:
Дрвјанковци, мали суштества кои живеат на дрвјата, е приказна за син и татко кои се наоѓаат во театар, поточно во магацин за костими поточно – во бункер.
Најпознатата раскажувачка е Шехерезада, која во старото дело Илјада и една ноќ ги спасува сите жени во местото каде што живее со приказните што му ги раскажува на злиот и суров крал. Значи добрата приказна спасува животи. Таткото, му ја раскажува на својот Син приказната Дрвјанковци за да го одвлече од опасноста. Дали Таткото ќе успее да го спаси Синот? Дали ќе успее да го одвлече вниманието на Синот од војната во која се нашле? Дали ќе успее да ја објасни важноста на пацифизмот наспроти насилството? Дали пацифизмот секогаш е вистинскиот избор? Шехерезада се борела илјада и една ноќ за да успее, а нашиот Татко има само една мала, топла и страшна ноќ.
/куклена претстава / 50 мин./ за возраст: 11+