| 20 Ное 2026 од 19:00 часот |
Режија: Драгана Милошевски - Попова
Автор: Флоранс Кадије
Која е Лорет“ е претстава што го истражува прашањето на идентитетот и припадноста, отвора простор за разбирање на различностите и ја поттикнува публиката да го препознае и прифати другиот. Во фокусот на приказната е Лорет – девојче со Даунов синдром, кое не е дефинирано преку една особина, туку преку сите улоги што ги живее: ќерка и сестра, ученичка и пријателка, актерка, режисерка и сликарка… Таа е дете со соништа, таленти и емоции, кое го сака истото што го сака секое друго дете – да биде видено, прифатено и сакано.
Преку средбите со семејството, врсниците и светот што ја опкружува, Лорет го поставува едноставното, но суштинско прашање: кои сме ние навистина и дали другите нè гледаат онакви какви што сме. Претставата ги повикува децата да размислуваат за тоа дека идентитетот не е една единствена карактеристика, туку мозаик од сè она што сме и што можеме да бидеме.
Која е Лорет“ испраќа јасна порака дека прифаќањето се учи, дека различноста се живее и дека секое дете има право на свое место во светот. Со внимателно изграден театарски јазик и емотивен пристап, претставата отвора важни прашања на начин разбирлив и близок за најмладата публика.
Играат:
Анастасија Ласовска
Вања Стојановиќ
Драматизација:
Милена Деполо
Сценографија:
Ирина Сомборац
Костимографија:
Ирина Сомборац
Композитор:
Сашко Костов
Asistent:
Драгана Таневски
Ана Левајковиќ Бошков
Мики Анчевски
Винета Дамческа Мојаноска
Петар Стојанов