Првиот и единствен професионален театар на македонски јазик, Театар за деца и младинци – Скопје, денеска 25.03.2024 година го прославува својот 34. роденден, со изведба на претставата „ЦРВЕНАКПАНА“ на Фестивалот „5ре“ во Велес.
ТЕАТАР ЗА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ - Скопје, се уште ги создава најважните детски, куклени и младински претстави во поранешниот воен ресторан „Вардар”, 34 години неуморна работа, која создава успешни приказни.
Постарите генерации го паметат почетокот на ТДМ, пред преполната Универзална сала – Скопје, каде беше изведена претставата „ЧУДОВИШТАТА ОД НАШИОТ ГРАД“ од Русомир Богдановски, а во режија на Коле Ангеловски со која се означи и официјалното институционално работење на Театар за деца и младинци.
Низ изминатите години, ТДМ забележува бројни не само домашни, туку и многу важни интернационални успеси.
Во постоечкиот објект премиерно е изведена претставата „УБАВИЦАТА И ЅВЕРОТ“ која бележи рекорден број на изведби (над 350), како и останати успешни претстави со над 200 изведби: „ЦРВЕНКАПА“, „ЗРНОТО ГРАШОК И ПРИНЦЕЗАТА“, “ЛАКОМАТА МЕЦА и др.
Имаме бројни ГРАНД ПРИ награди за претстави, меѓу кои во минатото секако се бележи успехот на легендарната „МАКЕДОНСКА ПРИКАЗНА“, потоа следува ,,ТОБИ” со повеќе значајни награди и многу други претстави, а со претставата „Роња, ќерката на ограбувачот“ само за една година ТДМ се здоби со три ГРАНД ПРИ НАГРАДИ, награда од публика за најдобра претстава, актерски награди , награда за оргинална музика,и други.
Последните години ансамблот на ТДМ, следејеќи ги современите текови се развива согласно истите и на репертоарот бележи вистински театарски освежувања во секој сегмент од програмата: куклени претстави, детско – играни, а особено се значајни младинските (наменети за возраст од 14+)
По бројните гостувања на ТДМ низ Европа, од пред три години успешно го организира и Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“.
Благодариме на сите генерации што израснаа со нас и што заедно оставаме важен белег. Ве очекуваме во текот на целата наша роденденска седмица на претставите од редовниот реперотар. Ваш ТДМ.
https://www.puppet.com.mk/za-tdm/novosti/34-rodenden-na-n-u-teatar-za-deca-i-mladinci-skopje#sigProId43b199e23f