ЈАВЕН ОГЛАС
Број 1/2025
I.Националната установа „Театар за деца и младинци“ – Скопје има потреба од вработување на 1 (едно) помошно – техничко лице на неопределено време за следното работно место:1. 1 (едно) лице на работно место Портир, шифра КУЛ 0401(Б02)002
Посебни услови: степен и вид на образование, Средно образование.
Лиценца за обезбедување лица и имоти.
Работното место е предвидено за со и без работно искуство.
II.Кандидатот за работно место треба да ги исполнува општите услови:
- Да е државјанин на Република Северна Македонија,- Активно да го користи македонскиот јазик,
- Да е полнолетен,
- Да има општа здравствена способност за работното место и
- Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
III.Распоред на работното време: Работно време за огласеното работно место е во траење од осум часа дневно и се организира во смени и тоа: прва смена: од 07.00 до 15.00, втора смена: од 15.00 до 23.00, трета смена: од 23.00 до 07.00
IV.Основна нето плата:1. 37.328 денари – Портир
Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 3 (три) работни дена од денот на објавувањето на огласот. Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
Пријавата за огласот може да се подигне од архивата на Националната установа „Театар за деца и младинци“ – Скопје или да се симне од интернет страната www.puppet.com.mk .Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Кандидатите заедно со пријавата треба да ги достават потребните документи за исполнување на општите и посебните услови:
- Уверение за државјанство
- Уверение за општа здравствена способност за работното место (не постаро од 6 месеци)
- Потврда/Уверение дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност (не постаро од 6 месеци)
- Доказ – Диплома/Уверение за завршено образование
- Лиценца за обезбедување лица и имоти
Пријавата со потребната документација кандидатите треба да ја достават до архивата на Националната установа „Театар за деца и младинци“ – Скопје, секој работен ден од 9 до 15 часот или по пошта на следната адреса: ул.Димитрие Чуповски бр.4 – Скопје (во коверт со назнака за „јавен оглас број – 1/2025“)
Право на учество имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Кандидатите со пријавата треба да ги достават доказите за исполнување на условите, во оригинална форма или копија заверена на нотар.Ненавремените пријави и документацијата нема да се разгледуваат.
Селекцијата и интервјуто на пријавените кандидати ќе ги спроведе надлежна Комисија формирана за спроведување на постапка за вработување. Пријавените кандидати ќе бидат навремено известени за времето и местото на одржување на интервјуто.Изборот на кандидатите ќе се изврши во рокот определен во член 23 став (2) од Законот за работни односи.
НУ „Театар за деца и младинци“ - Скопје