Почитувани,
Одличен почеток на новата сезона за Н.У. Театар за деца и младинци.
Во периодот помеѓу 11 .09 - 14.09.2019 година , Н.У. Театар за деца и младинци учествуваше на X Бугојнско куклено бионале во Бугојно, со претставата ,, ТОБИ “ , во Режија на Драгослав Тодоровиќ .
Нашата претстава ТОБИ се врати со награда за НАЈДОБРА АНИМАЦИЈА НА КУКЛИ, од 10. Бугојанско куклено биенале во БиХ. Жири комисијата на фестивалот ја додели наградата за одличната актерска игра на целиот колектив од претставата и за нивната компатибилност и синхронизираност.

За потсетување претставата „ТОБИ“ на минатогодишното издание на фестивалот „7-ми меѓународен фестивал за кукларство“ во Подгорица освои пет награди и тоа, ГРАН ПРИ за најдобра претстава, Награда за НАЈДОБРА РЕЖИЈА, за Драгослав Тодоровиќ, Награда за актерско мајсторство за Марија Ѓорѓијовска, Награда за најдобро техничко-естетско решение на кукли, за Ирина Сомборац , Награда за најдобра претстава од ДЕТСКОТО ЖИРИ НА ФЕСТИВАЛОТ.

Тоби нашите посетители ќе имаат прилика да ја гледаат на нашиот редовен репертоар на 21.09.2019 од 19:00 часот.