ЛОКАЦИЈА: Театар за деца и младинци – Скопје
1 и 2. октомври 2022, почеток 12:30
3 октомври 2022, почеток 09:00
Куса прибелешка:
„Работилницата се состои од истражување на основните елементи на куклениот театар и театарот на објекти. Ќе направиме многу практични вежби и ќе создадеме неколку кратки етиди со кукли и предмети. Практично заедно ќе испитаме што одговара на овој специфичен театарски жанр. Ќе бараме модерни начини како да се справиме со кукларството како современа уметничка форма“.

ЈАКУБ МАКСИМОВ
Роден е во 1992 година во Јаромјерж, Чешка. Тој е слободен режисер и повремен драматург и изведувач. Неговиот домен е модерниот куклен театар и театарот на објекти. Театарот на објекти исто така е главна тема на неговото докторско истражување на Академијата за приемнети уметности во Прага. Неговиот прв значаен проект е патувачкиот куклен филм наречен Неколку илјади, снимен во 2016 година, врз основа на расказите на Џек Лондон, за кој беше награден со неколку награди на неколку меѓународни фестивали. Во 2020 година ја освои наградата на театарската критика во категоријата Талент на годината. Соработува со повеќе театри и независни компании во Чешка, Германија, Словачка и Србија.