4 Април 2023

ЈАВЕН ПОВИК за изработка на дизајн за визуелен идентитет на Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“ 2023

festival IFDT Igor Madzirov

По успешното прво издание на Интернационалниот фестивал на детски театари „ИГОР МАЏИРОВ“, Н.У. Театар за деца и младинци – Скопје отвора ПОВИК за избор на визуелен идентитет на ВТОРОТO издание на фестивалот што ќе се одржи од 27.-30. септември 2023 година.

Годинешното издание е посветено на претстави од камерен формат, со универзален јазик и современи театарски форми на создавање претстави за деца.

Дизајнерското решение треба да испраќа јасна порака наменета за детската публика. Во графичкиот изглед задолжително е да се инкорпорира и логото на фестивалот. Предложеното режение треба да биде лесно препознатливо, да се одликува со современа естетика и да биде достапно за адаптации во најразлични графички форми.


УСЛОВИ

  • На повикот може да учествуваат правни и физички лица;
  • Повикот ќе трае 30 дена од денот на неговото објавување;
  • Секој од учесниците има право да учествува со по еден труд.
  • Дизајнерските решенија и целата кореспонденција поврзани со јавниот повик се пишуваат на македонски јазик.
  • Оценувањето на трудовите ќе ги врши Оценувачка комисија, составена од тројца членови.
  • Форматот на дизајнерските решенија, треба да содржи текстуален и графички дел од кои што, текстуалниот е на А4 формат и графичкиот на А3 формат.
  • Дизајнерскиот труд се предава во затворена обвивка на адресата: Н.У. Театар за деца и младинци – Скопје, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 4, 1000 Скопје, Северна Македонија со назнака „ Изработка на дизајн за визуелен идентитет на интернационалниот фестивал на детски театри Игор Маџиров“ 2023“.
  • Краен рок за предавање на дизајнерските решенија е 29.04.2023 година (12 часот)

 

Критериуми за оценување

  1. Уникатност на предложениот дизајн (идејните решенија да имаат јасен наратив - концепт)
  2. Високо ниво на иновативност, креативност во осмислување на дизајнот, впечатливост и оригиналност на ликовниот израз;
  3. Лесна адаптибилност и препознатливост на дизајнот;
  4. Во графичкиот дизајн задолжително е да се инкорпорира и логото на фестивалот;
  5. Да имаат впечатлива ликовна колоритност и стилски изразни средства во функција на основната дејност на институцијата;
  6. Да е во согласност со светските дизајнерски трендови;

 

svg Логото на фестивалот можете да го преземете на двата јазика во векторски (.svg) формат од тука:  МКД - АНГ


СЕЛЕКЦИЈА
:

Предвидено е доделување на прва награда за откуп на авторски права за најдобро дизајнерско решение и ангажирање на авторот. 


ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

  • Со предавањето на дизајнерското решение секој учесник ги прифаќа пропозициите на јавниот повик,
  • Секој учесник поединец или група, може да учествува само со по еден труд;
  • Распишувачот на јавниот повик со доделување на откупот и обештетувањата на предложените дизајнерски решенија, согласно Законот на авторски права ги откупува  авторските права. При откуп на дизајнерското решение, авторот не го губи неговото морално авторско право.
  • Оценувачката комисија нема да ги разгледува оние дизајнерски решенија кои што ќе пристигнат по предвидениот рок или не се изработени според програмата и расписот на јавниот повик.
  • Јавниот повик ќе биде објавен на веб страната на Н.У. Театар за деца и младинци – Скопје
FaLang translation system by Faboba

Месечен репертоар

Април 2024
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30

Маркетинг