Музика на мојата птица

  • Сцена: Детска
  • Премиера: 18.12.2024
  • Возраст: 6+

Режија: Емилија Мрдаковиќ
По мотивите од романот на Ана Анисимова

Претставата Песната на мојата птица/мојот допир, е специфично театарско дело кое си игра со својот израз меѓу класична куклена претстава и играна претстава. Низ овој нестандарден формат, претставата сака да ни ја покаже разликата во обликот на она што е вистинско и она како едно слепо девојче го гледа светот и облиците во него низ својата тактилна призма. Ова е една адаптација на прозно дело која нема класична драматуршка структура. Во драмската предлошка е свесно и намерно изоставен конфликтот на главниот лик со надворешниот свет, со намера да се долови хармонијата во внатрешниот живот на едно девојче, за кое општеството смета дека на некој начин е посиромашно од останатите деца, бидејќи не е во можност визуелно да ја доживее средината во која живее. Ова е претстава која сака да им покаже на децата, а и на возрасните, дека секој може да биде среќен со она што природата му го дала, бидејќи и она кое општеството го доживува како хендикеп, може да биде предност доколку детето расте со многу љубов и разбирање од средната во која се наоѓа. Ова е претстава која е топла и емотивна приказна за еден скриен агол од светот во кој среќно функционира едно семејство кое се спротивставува на стереотипите и ги надминува пречките со многу топли чувства и емпатија.

- Драгана Лукан Николоски

Драматург и превод:

Драгана Лукан Николоски

Идејно решение за сценографија, кукли и костими:

Адриана Добрева

Композитор:

Алексеј Мрдаковиќ

Дизајн на промотивен материјал:

Бранкица Јордановска

Месечен репертоар

Октомври 2026
П В С Ч П С Н
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31

Маркетинг