Бајка за Царот Нај

  • Сцена: Детска
  • Времетраење: 45 минути
  • Премиера: 19.02.2014
  • Возраст: 6+

Режија: Коле Ангеловски
Автор: Снежана Иљовска Наумовска

Во една далечна земја живеел добар, мудар, силен, млад и убав цар. Но, тој наместо да зборува рикал како лав и кај луѓето предизвикувал страв. За да најде лек за својата мана царот патувал години седум низ триесет и три земји редум. По пат наидувал на чудесни предели, ама и на непрегледни пустини, непроодни планини и реки; среќавал чудни луѓе и уште почудни животни. Откако поминал и низ Земјите на Темнината, на Лалињата, на Криновите, на Џиновите и побегнал од Земјата на Дебелковците, пристигнал во Земјата на Модрите Луѓе. Таму, страшниот црвен змеј паднал мртов кога ја чул неговата рика и во тој миг царот проговорил со човечки глас.

Дочекот на царот во неговото царство бил величествен. Десет дена сите ѕвона без престан ѕвонеле и насекаде одекнувале радосни извици: - Да живее нашиот цар “Нај”!

 

А тој пак често се сеќавал на зборовите на Желбаш од прекрасната земја Желбадаж и на Вилдон, царот на сите вилимени: “Добрина во срцето имај ти, патот пред тебе ќе се отвори” и “Среќа тебе даде – среќа мене иде”.

Среќата им се насмевнува на оние кои имаат добрина во срцето и кои таа добрина ја подаруваат на другите. Така, по извесно време пред царот одненадеж се појавила девојката Сончев Цвет која ја сретнал и во која се вљубил на почетокот на патувањето.

А што се случило потоа? Досега не се чуло за поубава, пораскошна и повесела свадба од таа на Сончев Цвет и Царот Нај.

 

Сценографија:

Илина Ангеловска

Костимографија:

Розе Трајческа Ристовска

Музика:

Љупчо Мирковски

Media

FaLang translation system by Faboba

Месечен репертоар

Мај 2020
П В С Ч П С Н
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Маркетинг