Облак во мала кутија

  • Сцена: Детска
  • Тип на претстава: За бебиња и мали деца
  • Времетраење: 30 минути
  • Премиера: 01.12.2020
  • Возраст: 1+
{JEVK2EMBED}

Автор и режија: Бојана Лазиќ

Облак во мала кутија е првата интерактивна театарска претстава за бебиња во Македонија. Нејзини гледачи се мали дечиња кои штотуку наполниле 12 месеци како и нивните родители. Разни визуелни изненадувања, колективни игри, весела музика, палави зборови, необични форми и пријатна атмосфера се преплетуваат во претставата.

Облак во мала кутија, во споредба со претставите за постари деца, младинци и возрасни луѓе, не е заснована на наратив туку на дејствија кои будат и провоцираат љубопитност. Содржините се прилагодени за возраста на публиката и осмислени се со цел да ги стимулираат сетилата и да ја поттикнуваат фантазијата.

Просторот во кој актерите ги дочекуваат бебињата и родителите е безбеден, удобен, мек и нежен. Во тој простор сите можат да се опуштат и да уживаат. Актерската игра се заснова на импровизации и интеракција. Нема јасни граници за тоа кој е изведувач, а кој е гледач па од време на време актерите ќе гледаат во бебињата и од време на време бебињата ќе ги набљудуваат актерите. Сценографијата е дизајнирана така што треба да поттикнува развој на когнитивни и моторички способности, социјални способности како и тактилни сензации. Децата можат цело време да уживаат, а можат и да истражуваат со дискретна помош од актерите.

Идејата е актерите/изведувачите да ги инспирираат дечињата за да ги поведат во лавиринт од апстракции, нежна музика, пријатни изненадувања, сетилни сензации и соновна атмосфера.

Облак во мала кутија им нуди на бебињата и родителите доживување што не можат да го почувствуваат ни во една соба полна играчки, ни во парк, игротека, а ни во некоја градинка... Оваа магија не може да се случи никаде освен во театар.

Режисер Бојана Лазиќ

Сценографија и костим:

Бранислав Станковиќ

Композитор:

Владимир Пејковиќ

Сценски движења:

Дамјан Кецојевиќ

Асистент сценограф:

Кирил Василев

 
FaLang translation system by Faboba

Месечен репертоар

Октомври 2021
П В С Ч П С Н
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Маркетинг