Рекламна бајка

  • Сцена: Детска
  • Времетраење: 48 минути
  • Премиера: 23.6.2020
{JEVK2EMBED}

Режија: Русомир Богдановски
Автор: Русомир Богдановски

Еве учте една еколошка претстава за сите детски возрасти. Добропознатата прастара борба помеѓу доброто и злото, писателот Русомир Богдановски, кој овде се јавува и во улога на режисер, успешно ја пренесува на театарската сцена.

Доброто, олицетворено во ликот Дете Голомеше толкувано од Мартин Јорданоски, кој во полн сјај ги покажа своите физички и ментални актерски способности е во судир со злото, олицетворано во ликот на Волшебникот Шашма, кој е беспрекорно одигран негативец од страна на актерот Предраг Павловски. Битката меѓу нив се води околу Рекламната Принцеза, која беспрекорно точно ја игра Винета Дамческа. Рекламната Принцеза е грабната од лошиот Волшебник Шашма, кој има намера преку нејзината популарност поуспешно да ги рекламира своите производи што се лоши по здравјето на децата.

Ве покануваме на оваа претстава за да го видите расплетот и начинот на којшто доброто повторно извојува победа над злото.

 

Сценографија:

Кирил Василев

Костимографија:

Маја Димовска и Елена Вангеловска

Музика:

Љупчо Мирковски

Кореографија:

Јана Андрејевиќ

FaLang translation system by Faboba

Месечен репертоар

Октомври 2021
П В С Ч П С Н
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Маркетинг