Подрум

  • Сцена: Младинска
  • Премиера: 23.6.2021
  • Возраст: 14+
{JEVK2EMBED}

Режија: Драган Довлев
Автор: Драган Довлев

Идејата за оваа претстава е стара повеќе од 20 години и датира од времето на моето запознавање со т.н. куклен театар за возрасни. Уште тогаш знаев дека еден ден ќе поставам претстава чие дејствие ќе се одвива во театарски подрум, каде што се носат куклите од претставите што повеќе не се на репертоар. Колку и да ме фасцинираше идејата куклите да оживеат и да почнат да го коментираат она што се случува над нив, на сцената, требаше да помине подолг период идејата да созрее. Рамнодушноста кон професионалните и театарските правила и критериуми, немањето иницијатива и желба за посериозна работа и работењето по линија на помал отпор и за плата се наметнаа како теми за кои вреди да се жртвувам и пред година и пол почнав да го пишувам текстот, кој по два неуспешни наслова го доби името „Подрум“.

„Подрум“ не е само дефинирање на местото каде што се случува целото дејствие, туку и метафора за дното што почнавме да го допираме во театрите уште пред пандемијата. Подрум сфатен како темнина во која не може да се види излезот, како место во кое е неважно во кој агол си завршил.

Текстот не е само мој, во неговото дообликување и на мое инсистирање учествуваше погопемиот дел од екипата. Актерите ми го исполнија срцето, им ја оставам претставата со полна доверба во нивниот талент и посветеност. Ви благодарам на сите. Што и да се случи со оваа претстава не жалам ни за една секунда во целокупниот процес.

Драган Довлев

Сценографија, дизајн и изработка на кукли:

Кирил Василев

Костимографија:

Љубица Велкова

Избор на музика:

Драган Довлев

FaLang translation system by Faboba

Месечен репертоар

Октомври 2021
П В С Ч П С Н
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Маркетинг